Њујорк Никс ја совлада Филаделфија 138:89 и на Севентисиксерси им го нанесе еден од најтешките порази во историјата на франшизата. Интересно е дека токму Никс еднаш ја добиле Фила 48 поени разлика и тоа во 1993-та година.
Филаделфија синоќа на домашен паркет играше без лидерот Жоел Ембид кој игра во сјајна форма а не настапи ниту Квентин Грајмс. Њујорк четврт пат по ред беше без Оу Џи Ануноби а не играше ниту Мајлс Мекбрајд.
Но тоа не им сметаше на избраниците на Мајк Браун да ја разбијат Филаделфија на нејзин паркет. Најефикасен беше Жозе Алверадо со 26 поени, Микал Бриџис уфрли 22 поени, Карл-Ентони Таунс блесна со 21 поен и 11 скока, Дијавара запиша 14 поени а Мич Робинсон беше двоцифрен со 11 поени.
Кај домаќинот Тајрис Макси постигна 32 поени, Ви-Џеј Еџкомб даде 14 а Доминик Барло 13 поени.
Со овој триумф, 35-ти во сезоната со 20 порази Њујорк Никс е на трето место а Филаделфија е 6-та. И двете места водат директно во плејоф без потреба од доигрување (од 7-мо до 10-то место).