Фрањо од Швајцарија е чудо на Зимските олимписки игри - денес стигна до трето злато

Дваесет и четири годишниот Швајцарец роден во Берн после златниот медал освоен во спуст и во тимска комбинација, сега се качи на највисокото место на подиумот - освои злато и во супер џи на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.

Патеката во Бормио како да е правена за неверојатниот Фрањо Вон Алмен. Тој не беше главен фаворит за златен медал во супер-џи но покажа дека и тоа како добро знае да скија во дисциплината која не му е најдобра страна.

Со број 7 на дресот Швајцарецот извозе спектакуларно и со време од 1:25,32 за 13 стотинки го надмина во тој момент водечкиот Рајан Кохрејн од САД.

Со ова освоено трето злато Фрањо Фон Алмен стана само трет скијач во историјата на овој спорт со дури три злата на едни исти Зимски олимписки игри. Пред него таков подвиг оствариле Тони Зилер од Австралија (1956-та во Кортина Д'Ампецо) и Французинот Жан Клод Кили (1968-ма во Гренобл).

Од тогаш до денес ниту најголемите скијачки ѕвезди во секоја ера не успеале да стигнат до ваков епски хет-трик.

Втор на трката во супер-џи на крај беше Американецот Рајан Кохрејн кој сребрен медал освои и пред четири години на ЗОИ во Пекинг во истата дисциплина. Трет заврши и бронзен медал освои најголемиот фаворит за злато пред трката, Марко Одермат кому супер-џи му е најомилена дисциплина.

Ова е втор медал за Швајцарецот Одермат на Олимписките игри а тој заостануваше зад својот сонародник и репрезентативен колега 28 стотинки. Одермат има златен медал во велеслалом од Пекинг 2022.

Следната дисциплина во алпско скијање кај мажите е велеслалом во сабота на 14-ти февруари.

11 февруари 2026 - 14:57