Имане Келиф, која стана светска тема за време на Олимписките игри во Париз ококу тоа дали е родена како маж или жена, за Л`Екип потврди дека има женски фенотип, но и ген SRY, кој е во корелација со мажите.
Доколку е потребно, спремна е да го тестира полот за Олимпипските игри 2028 во Лос Анџелес, за да може да го брани златото, под услов тоа да го спроведе Меѓународниот олимписки комитет.
„Сите имаме различна генетика и различни нивоа на хормони. Јас не сум транссексуалец. Мојата разлика е природна. Јас сум таква. Не направив ништо за да го променам начинот на кој природата го направи со мене. Затоа не се плашам. За следните игри, ако треба да има тест за мене, ќе се тестирам, немам проблем со тоа. Веќе го направив овој тест. Контактирав со World Boxing, им го испратив медицински картон и хормонските тестови. Но, немав одговор. Не се кријам, не одбивам тестирање. Она што не го разбирам е зошто сакаме мојата приказна да стане толку поголема, вели Келиг“
Експертите и познавачите кои го следеа случајот со алжирската боксерка пишуваа дека таа има вишок тестостерот и XY хромозом и тоа ја прави природно силна. Келиф тврди дека пред натпревари ги намалува нивоата на тестостерот, а тоа го направила и пред Париз 2024.
„Имам женски хормони. И луѓето не го знаат тоа, но веќе ги намалив нивоата на тестостерон за натпреварите. Опкружена сум со лекари, ме следи наставник и земав хормонски третмани за да ги намалам нивоата на тестостерон. За квалификацискиот турнир на Париските игри, што се одржа во Дакар, го намалив нивото на тестостерон на нула. И таму го освоив златниот медал.“

Иако некои го доведуваа во прашање полот на Келиф, вклучувајќи го и претседателот Доналд Трамп кој ја нарече машко, од МОК го велат спротивното.
„Алжирската боксерка е родена како жена, е регистрирана како жена, го живеела својот живот како жена, боксувана како жена, има женски пасош“, изјави портпаролот на МОК, Марк Адамс.
МОК во 2021-ва ја објави својата рамка за „фер игра, инклузија и недискриминација врз основа на родов идентитет и варијации на полот“.
Тоа значи како ниту еден спортист не треба да биде спречен да учествува врз основа на наводна конкурентска предност и потребни се докази за да се докажат таквите тврдења.