Домаќинот пред околу 70.000 гледачи поведе уште во 6' минута по автоголот на Ерик Гарсија и по голема грешка на голманот Жоан Гарсија кој ја пропушти топката низ нозе.
На 2-0 зголеми сјајниот Антоан Гризман веќе во 14' минута а во 33-та Адемола Лукман даде гол за 3-0. Хулиан Алварез во втора минута од судиско продолжение во прв дел ги постави конечните 4:0.
Ерик Гарсија доби директен црвен картон во 85' минута и нема да игра на реваншот. Реваншот се игра на 3-ти март во Барселона, а во вториот полуфинален двомеч Сосиедад пред реваншот на свој терен има предност од 1-0 со најголемиот ривал Атлетик Билбао.
Cup tree provided by Sofascore