Хераскевич користел кацига со фотографии од сите настрадани украински атлети во војната со Русија. Претходно МОК му забрани на Хераскевич да користи таква кацига затоа што тоа е спротивно на стрикните правла.
„МОК со жалење донесе одлука да ја укине акредитацијата на Владислав Хераскевич на Олимписките игри“, стои во соопштението.
За да изрази жалење и сочуство во знак на сеќавање на загинатите спортисти од Украина, МОК му предлагал на Хераскевич црна траорна трака, црна лента околу раката. Тој изјавил дека сеедно ќе го користи шлемот на натпреварувањето и јавно ставил до знаење дека е спремен намерно да ги наруши правилата на МОК по цел да го отстранат.
Во писмо од 11-ти февруари МОК го информирал Хераскевич дека нема да му дозволат да стартува на натпреварот во скелетон во машка конкуренција на 12-ти февруари во тој шлем.
После проверка на неговата опрема во олимпиското село имале и личен разговор со Хераскевич во кој повторно му ја кажале изложената позиција на МОК и му предложиле алтернатива. Тој стоел до својата позиција после што морал да ја ги напушти Зимските олимписки игри.
„Утрово Хераскевич на местото каде што се одржува турнирот во скелетон се сретна со претседателката на МОК Кирсти Ковентри која што за последен пат му ја објаснил позицијата на МОК. Но како и на сите претходни средби, тој одби да ја смени својата позиција“, стои во изјавата од прес-службите на Меѓународен олимписки комитет.