Бока Јуниорс синоќа со гол во 90+5' минута на ветеранот Енер Валенсија се искачи на прво место и ја освои таа нејасна титула на полусезона. А на друг стадион во Розарио, навивачите на Сентрал славеа победа и титула но кога слушнаа вест од Буенос Аирес паднаа во очај.
Во четвртиот ден од 14. коло во Бизнис лига на Македонија славеа екипите на Пекабеско и Макпетрол, Ван Хоол и Фабрика Карпош – ГИМ одиграа без победник.
Тешко е да им се долови на помладите славниот италијанскиот напаѓач кој се повлече од фудбалот како играч на Каљари пред 15 години. Со Наполи освои Скудето во 1990-та во друштво на Марадона, а во 2003-та беше изгласан за најдобар играч во историјата на Челси.
Сан Ремо е спектакл, а оваа година две вечери по ред го зачинија со спортски ѕвезди, ултра популарни. Прво Ѓоковиќ, а потоа со Роналдо и жена му. Популарниот водител Амадеус одигра во напад со провокативен дрес, пола Јуве, пола Интер.
Легендарниот хит 'Three Little Birds' од реге авторот Боб Марли веќе неколку години важи за химна на навивачите на Ајакс. Ја пеат каде и да одат, а еднаш специјално за нив ја испеа син му на Боб, Ки-Мани Марли и тоа на стадионот на Ајакс „Јохан Кројф Арена“ на полувреме од меч во Лигата на шампионите.
Точно е дека Лејкерси синоќа дома загубија 10 поени разлика од Хјустон и дека Вестбрук постигна 41 поен, но во салата Стејпс центар најголемото уживаше падна на овие две атракции на Леброн кој за еден скок не стигна до трипл дабл. Имаше што да се види и на другите мечеви.
Турскиот елитен фудбал е на многу високо ниво во последните неколку сезони. Нема веќе само 2 клуба да се борат за титулата. Сега 5-6 екипи сериозно му се мерачат на шампионскиот трофеј.
Барселона и Реал Мадрид загубија во Купот и со тоа им се отвора можност трофејот да го подигне некој од Сосиедад, Билбао или Гранада, а можеби и второлигашот Мирандес. Зидан губи од кој стигне во ова натпреварување.
Обично сме навикнати фудбалери да носат броеви на дресовите составени од една или две бројки. Ама во Мексико комотно се игра со три броја на дрес и има дуели на кој не може да видите дрес од две цифри.
На пред-Олимпискиот турнир во Јужна Америка, Бразил У23 и Уругвај У23 сабајлево одиграа нерешено 1:1. Уругвајскиот чувар на мрежата Игнасио Де Аруабарена си даде многу глуп автогол.
Барселона го претрпе најтешкиот пораз досега сезонава откако во 1/4 финалето беше елиминирана во Кралскиот Куп од Атлетик Билбао (1:0). Цела одбрана на Каталонците беше немоќна да го сопре играчот на мечот Ињаки Вилијамс.
Во полуфиналето на шпанскиот Куп не само што нема да биде Реал Мадрид, туку и Барселона, која во четвртфиналето испадна во Билбао каде прими гол буквално во последните секунди од мечот. Реванши не се играат во оваа фаза.
Ај да речеш ќе се закачнат, ќе се скубнат малце за коси и толку. Ама не бре, овие сериозно тргнаа во напад и тука не се знае кој јаде, кој пие. Инаку овие нетипични сцени ни доаѓаат од универзитетска лига во САД.
Њукасл со гол во продолженија го победи Оксфорд на гости 2:3 во ФА Купот и се пласираше понатаму. При еуфоријата за голот меѓу гостинските навивачи еден цреп направи „хеликоптер“ прослава. Се соблече гол. Денес го казнија со доживотна забрана за влез на сите англиски фудбалски стадиони. Во меѓувреме еден навивач за расистички испад бил казнет 4 години, па јавноста реагира дека Мајк Пендриџ од Њукасл е престрого казнет.
Тиери Анри, Роберто Карлос, Роналдињо, Лампард, Зидан, Џерард...Не можеш да ги мразиш овие ликови и не може да не ви недостигаат. Со нив израснавме. Со оглед на тоа што го прават сега во слободно време и да останеа уште некоја година, уште ќе мелеа.
Во емисијата Highly Questionable која оди на ЕСПН, водителите и гостите се исмеваа со ракометот и викаа дека Леброн и уште двајца поранешни НФЛ играчи би се прошетале до златен медал во ракомет.
Зошто токму денес за тоа? Затоа што е 6 февруари, денот на кој се случи легендарниот натпревар во забивање на кој победи Мајкл во 1988-ма во Чикаго. Токму на ова место Ол стар викендот овој месец се враќа за прв пат по пауза од 32 години.
Во „Стејплс Центарот“ Клиперси го продолжија својот марш кон плејофот и борбата за титула. Најдобрите нивни играчи Пол Џорџ (23 поени, 5 скока и 10 асистенции) и Кавај Ленард (14/7/9) одиграа просечен натпревар, па најинтересен момент на мечот беше кога на полувреме еден дечко даде кош од пола терен и доби награда од 10.000 долари.
Пушкаш Академија му извади 2:2 на Диошгери во меч од унгарската прва лига со помош на голманот кој најдобро се снајде во шеснаесет. Голманскиве голови не потсеќаат на Толдо кога му израмни на Јуве во судиско.
РК Вардар е во кризен период, а синоќа загуби убедливо од Кил со 11 гола разлика, исто како во Јане Сандански. Но и покрај тоа европските прваци никаде не останале без поддршка. Комити се појавија и во Германија.
Само што го освои 17-от Гренд Слем и ја крена шампионската титула на Австралија Опен, Новак добил покана да биде гостин на еден од најпопуларните светски фестивали, Сан Ремо 2020 во Италија. Новак одлично добро зборува италијански, поигра тенис на сцената а запеа и песна. Италијанците воодушевени.