Вардарци имаат четири порази по ред во Лига на шампионите, а Криштопанс во очи на тешкото гостување изјави дека платите повторно каснат и проблемите се решаваат бавно.
Но без разлика дали клубот се соочува со резултатска криза, финансиска или и двете, секогаш има кој да ги бодри.
Оваа група на Комити на својот Фејсбук профил објави видео со бакљада од гостувањето и фотографија со Столе Стоилов, а себе си нарекуваат „Ментално нестабилни 1987“.
„Ние сме биле тука и во Расадник, и во Кале и во Јане. Ние ќе бидеме тука и да играте и со ПСЖ, и да играте со Овче Поле. Нас не ни е битно секогаш да победите, се додека знаеме дека срцете сте го оставиле на терен ! А ние... ние секогаш ќе бидеме тука, твоја верна сенка!“