Бока Јуниорс синоќа со гол во 90+5' минута на ветеранот Енер Валенсија се искачи на прво место и ја освои таа нејасна титула на полусезона. А на друг стадион во Розарио, навивачите на Сентрал славеа победа и титула но кога слушнаа вест од Буенос Аирес паднаа во очај.
Тоа што фудбалот е на стенд бај, не значи дека нема што да гледаме. За него има екстремно богата историја, за која не треба многу длабоко да се копа за да се ужива.
Сопственикот на германскиот фудбалски клуб Хофенхајм и еден од најгобатите луѓе во Европа, Дитмар Хоп неодамна беше грубо навредуван од поедини навивачки групи во Германија. Сега неговата компанија е водечка во трката за пронаоѓање на вакцина против коронавирусот.
Вејн Руни ретко се огласува на нефудбалски теми, но ситуацијата со коронавирусот го натерала да распали по актуелната влада. Напиша колумна за The Sunday Times.
Изминатиов викенд се одиграа првенствени средби само во некои лиги. Турците уште тераат нормално, само без гледачи. Денизлиспор го победи Генчлербирлиги со спектакуларен гол на Хуго Родаљега.
Фудбалерите смислија предизвик кој почнаа да го шират од дома за време на карантинот. Го практикуваат многу играчи, а конкретно овој се однесува на напаѓачите. Кај нашите го почна Нестор.
Руското првенство е едно од малкуте кои преостанаа да се играат во Европа. Битките со короната не знаеме како ги водат, ама овие на терен како да ви кажеме. Ова е од мечот Ростов - Локомотив Москва и замислете помина само со жолт картот. Коментаторот не можеше да се доначуди.
Кристијано Роналдо го потврди својот голем интерес за општеството и одлучи да го конвертира ланецот на хотели во Португалија во болници со цел да помогне во борбата против ширење на коронавирусот, пишува Marca.
Како најголемо жариште од коронавирус во Европа, во Италија има повеќе од 17.000 заболени, а меѓу нив и неколку фудбалери. Најпогоден е клуб од Џенова.
Односно кај дечкото за кој уште некако не ни влага во глава дека се наоѓа во затвор во Парагвај. И таму игра фудбал, ама за прасечко, а ова е дел од неговиот пост фудбалски живот на слобода.
Кладилниците се затвораат, што значи се ослободуваме од вечниот добро познат проблем како „Една ме заеба“. Јелена е целосно во право. Малери нема да има, барем периодов.
Не дека за фалење е ова од насловот, пазете за Роналдињо зборуваме, ама овие што играле од негова има да се фалат додека се живи. Знаеш ли со кој играв фудбал во иста екипа во затвор? Со кого? Со Роналдињо. Е како не?
Од топ 5 лигите сите откажаа, со се втори и трети лиги се разбира. Нема фудбал ниту Австрија, Швајцарија, Холандија, Белгија, Шкотска и скоро во цела Европа. Со други зборови џабе ќе го отворате билтенот, иако уште се наоѓа по нешто.
Додека да пофатиме кој сè го стопира спортот во светот и кој се разболел, ни избега едно доста убаво и атрактивно парче видео кое вчера направи 7 години од своето постоење. За жал и тогаш стадионот како да бил под мерки поради вирус.
Во Лига Европа синоќа се одиграа неколку натпревари од Лига Европа а две средби и покрај сите препораки, се одиграа со публика: во Турција и во Шкотска. А во Германија на мечот Волфсбург - Шахтјор (1:2), два промашени пенали уште во прво полувреме. Прво гостите, па домаќините преку Вегхорст.
Додека во Европа спортот се стиши, во Јужна Америка фудбал се игра па и топови да бијат. Еден меч од Копа Либертадорес донесе дури 8 црвени картони и масовна тепачка на терен.
Со овие 10 секунди сакаме да ве известиме дека пред да престане фудбалот, како клуб донесовме одлука на пауза да одиме без примен гол. Зад одлуката стојат голманот, играчите, стативите. Точка.
Пандемијата со Ковид-19 покрена лавина масовни откажувања на спортски настани, па така на прсти може да се набројат првенствата кои ќе се обидат, без публика, да тераат по свое.
И покрај тоа што во Србија до денес на пладне се регистрирани 31 случаи позитивни на Ковид-19, српската влада долго време беше на ставот да нема публика само во затворени места (сали), а попладнево одлучи да се игра и фудбал без гледачи.
Короната го покоси и спортот. Секој ден се откажуваат национални првенства и еве ги на ред дојдоа и двете клупски меѓународни за кои УЕФА молчеше и не носеше одлука.