УЕФА пресече и официјално ги одложи натпреварите во Лига на шампиони и Лига Европа кои беа закажани за 17 и 18 март. Тоа значи дека на 20 март ќе нема ждрепка за четвртфинале.
Неделава се одиграа првите осминафинални дуели од кои како четвртфиналисти произлегоа Лајпциг, Атлетико Мадрид, Аталанта и ПСЖ.
Но останатите реванш четвртфинални дуели Манчестер Сити – Реал Мадрид, Јувентус – Лион, Барселона – Наполи и Баерн Минхен – Челси се одложени.
За Реал Мадрид и Јувентус веќе од вчера се знае дека одлучија да одат во карантин, бидејќи во Јуве од корона се разболе Ругани, а во Мадрид има случај во кошаркарскиот состав, поради кој и фудбалскиот одлучи на крене рачна.
Синоќа се одиграа шест од вкупно осум средби во ЛЕ, но и кај нив реваншите се одложени, а Интер и Рома не ги одиграа ниту првите дуели од 16 финалето.
Европската куќа на фудбалот соопштува дека одлуките за закажување на одложените натпревари ќе бидат навремено соопштени.
По неколку дневно молчење, УЕФА синоќа пушти соопштение во кое најави видео конференција на 17 март на која ги повика да се вклучат сите 55 земји членки. Тогаш ќе се разговара и за Европското првенство закажано на 12 јуни.