Апелот на предизвикот е да се остане дома, да се сними видео со жонглирање по свој избор, без разлика дали со топка или тоалетна хартија, а целта е да се испратат донации во болниците каде се бијат битки со вирусот.
Кај нашите напаѓачи прв почна Илија Несторовски кој беше предизвикан од својот колега од Удинезе, Себастијан Де Мајо. Тој реши да ги номинира Горан Пандев, Алјаж Струна, Александар Трајковски и Андреа Рисполи.
Пандев го прифати предизвикот и номинираше тројца колеги од Џенова: Стефано Стураро, Федерико Маркети и Антонио Санабрија.
Реагираше и Алекс Трајковски кој номинираше поранешни колеги од Палермо: Игор Коронаду, Мато Јајало и Хајтам Алесами.
И Кулушевски учествуваше