Во Германија фудбалот е светост подеднакво како во Британија. Од таа причина се држат стриктно до традиционалните вредности меѓу кои и правилото 50+1% од управувачките акции во клубовите да им припаѓаат на членовите на клубот (навивачите, симпатизерите).
Но во последните неколку години се појавија пар клубови (прво Хофенхајм, па после РБ Лајпциг) кои сè управувани од капитал на еден газда кој одлучува за сè. Тоа им засмета на навивачките групи (пред се на оние на Борусија Менхенгладбах, Баерн Минхен и Дортмунд) кои вадеа навредливи пароли за време на натпреварите на кои пишуваше: „Дитмар Хоп ти си курвин син“.
Дитмар Хоп е човек кој од малиот и анонимен клуб Хофенхајм направи сериозна институција со преубав модерен стадион, а екипата од 5-та германска лига во неколку години стигна не само до Бундес (2008), туку и до европските купови.
79-годишниот Хоп поседува неколку компании, меѓу кои е и германската лабораторија CureVac, околу која се крена голема прашина по објавата дека се близу до пронаѓање на вакцина која би помагала во борбата со новиот Ковид-19.
Еминентниот Welt am Sonntag пишуваше дека наводно Доналд Трамп побарал од оваа компанија и од германските власти ексклузивитет на вакцината во случај таа да се открие наскоро.
Cure Vac е специјализирана компанија во истражување на вакцини а Хоп е главен инвеститор.
„Неодамна започнавме со тестирање на одредени експериментални вакцини со цел да ја најдеме вистинската до јуни или јули, пред да добиеме зелено светло од властите и да ја тестираме (во јуни или јули) на луѓе.
„Ние сакаме да помогнеме на луѓето не само локално, туку во цел свет“, рекол Дитмар Хоп кој како и германскиот министер за здравје одлучно одбил каква било продажба на патентот за вакцината.