Две ремек дела на Роналдо и Меси кои не застаруваат

Тоа што фудбалот е на стенд бај, не значи дека нема што да гледаме. За него има екстремно богата историја, за која не треба многу длабоко да се копа за да се ужива.

Се држиме на релативно малку бајат материјал кој ни изгледа како вчера да беше, а тоа да ти поминало за едното 9, а за другото видео парче 13 години.

Нема логика од нив двајца да се составуваат компилации, бидејќи не можеш да ги пофатиш. Заедно имаат дадено скоро 1.500 голови во кариерата.

Затоа одиме умерено со по едно ретро мајсторско ремек дело и од едниот и од другиот, избрани по случаен избор. Тука се помлади, ама веќе многу опасни и во страшен налет.

13 март, 2007-ма, пријателска меѓу Манчестер Јунајтед и тимот на Европа во чест на 50 годишниот јубилеј откако Црвените ѓаволи играат европски фудбал. Победија 4:3, а Кристијано Роналдо на свои 21 година го постигна еден од најјаките слободни удари во кариерата, ако не и најјак. Канизарес само гледаше.

Се сеќавате ли на Ел Класико во 2011-та? Ама во полуфинале на ЛШ. Меси тука има 23 години и ја ора одбраната на Реал Мадрид како нива. Ненормален продор, кој станува белег на неговата кариера или поточно главен елемент во неговата игра за кој многу пати сè нема лек.

16 март 2020 - 13:57