Првиот фудбалер на Сампдорија кој официјално беше позитивен на тестирање беше Маноло Габјадини, повремен италијански репрезентативец. Маноло беше втор случај, по стоперот на Јувентус Ругани.
„Следете ги препораките, останете дома и сè ќе биде добро“, пиша Габјадини.
На 13 март на дополнителни тестови, уште четворица играчи на некогашниот европски шампион биле позитивни: Омар Коли, Албин Екдал, Антонино ла Гумина, Мортен Торсбо и физиотерапевтот Амедео Балдари.
Истовремено, како и скоро сите европски клубови, Сампдорија на неопределено време ги стопираше сите спортски активности. Целиот клуб е во карантин, а работат само оние кои се потребни клубот да функционира нормално.
Во ризична категорија спаѓа и тренерот Клаудио Раниери, кој има 68 години и кој бил во директен контакт со инфицираните. Исто и претседателот Масимо Фереро.
Сампдорија ги прекинала тренинзите пред позитивниот случај на Габјадини.
Но ова не им помогна, зошто синоќа уште двајца фудбалери биле позитивни на вирусот - Бартош Берешински и Фабио Депаоли. Вторвиов реагираше позитивно:
„Сакам да ве уверам сите дека со мене се е во ред. Овој вирус не бира, но ако ги правите вистинските чекори и ги следите препораките од здравствените служби, може да го добиете најважниот меч и да се вратите посилни од претходно. Им благодарам на сите доктори кои ни помагаат“.