Роналдињо збрцал 5 гола во затвор и за награда добил прасе

Не дека за фалење е ова од насловот, пазете за Роналдињо зборуваме, ама овие што играле од негова има да се фалат додека се живи. Знаеш ли со кој играв фудбал во иста екипа во затвор? Со кого? Со Роналдињо. Е како не?

Штета што не снимале од поблиску, ама тоа е, барем имаме нешто. Поранешниот бразилски ас беше дел од најавуваниот турнир во затворот во Парагвај, кој носи сосема очекуван резултат 11:2 за неговиот тим.

Во првичната најава беше дека нема да смее да дава голови, но сепак го смениле правилото. Роналдо го завршил мечот со 5 гола и 6 асистенции. 

Со освојувањето на турнирот на кој бил прогласен за МВП, освен пехар, како награда добил и прасе од 16 кила. Нека ти е на здравје, само побарај и црно вино. 

И чварки обавезно да ти спржат.

14 март 2020 - 10:32