На Резултати.мк денеска е пусто како никогаш. Како скролаш, така гледаш дека скоро сè е откажано. Најголемиот дел од одлуките за одложување паднаа изминатава недела откако пораснаа бројките со коронавирусот, раширен во 147 земји.
Не паметиме ваква ситуација во фудбалот. Ако добро видовме, оние кои уште тераат регулар во Европа и ова се коло се само Србите, Русите и Турците, на тие што по секоја цена им се пушта 50че имаат за играње и алжирско, аргентинско, анголско, бразилско и уште неколку првенства вон Европа.
Нашата рубрика Махер и малер на колото е отворена, ама вашиот избор е сведен на минимум. За оние најупорните ќе остане на кучиња да се кладат, ама на репризите.