Иако се пензионираше во 1997-ма година кога ја освои четвртата титула со Манчестер Јунајтед, Ерик Кантона и ден-денес на 53 години покажа дека има повеќе од осет од многу актуелни млади играчи на англискиот клуб.
Биеше битка со една од најтешките болести која ја победи со дисциплина и срце. Потоа дојде проклетата корона, а со неа и карантинот. Но Синиша Михајловиќ е голем борец. И покрај сите заебанции, утринава се појави во тренинг кампот на Болоња.
Кога кумот и другарите ќе се потрудат на најсликовит начин да ти дадат до знаење, дека прстенот не значи бришење на фудбалските собири во вторник и среда.
Во вторникот стартуваше корејската бејзбол лига и се изгледа надреално, најверојатно како што ќе изгледаат сите други спортови во 2020-та во целиот свет.
Нова супер интересна Инстаграм епизода од серијалот на Бобо Виери кој постојано се слуша со поранешни соиграчи. Конечно се скраси дома и стана татко, ама навечер не спие и го проверува детето дали дише. Откри и кој од колегите се прави дрво од две чаши вино.
Во 2009-та година Пеп Гвариола во дебитантска сезона на клупа на Барселона освои тројна круна: Ла Лига, Куп на Шпанија и Лига на шампиони. Многумина тврдат дека таа екипа на Барса го играше најубавиот фудбал на сите времиња.
На денешен ден, 7. мај пред 13 години, на меч од шведската лига меѓу Еребро и ИФК Гетеборг (0-4) Перуанецот со шведски пасош Андрес Васкез постигна гол кој ги фрапирал сите гледачи.
Напаѓачот на Тотенхем најдобро од сите фудбалери ја искористи паузата поради пандемијата на вирусот - го отслужува воениот рок кој толку долго го прогонуваше.
Краљот врзал фрижидер на скиролот, легнал на фрижидерот со велосипед и веќе до тука е многу чудно ова. Имаме надреални 47 секунди со Фабио Вибмер од Австрија.
Ги видовте тој скоро на трибина како ја гали таа до него? Кадар кој не требаше да отиде во етер, бидејќи не му е жена. Епа овој е спремен дечко, се одбрани ко Јап Стам.
Тоа што го направи беше претходно невидено од белата точка, а никој потоа не се ни осмели да го повтори. Но за жал новонастанатиот мајстор, беше спречен на суров начин да стане нешто повеќе од само моментална сензација.
Најголеми фудбалери на ХХ век најчесто ги нарекуваат Пеле, Марадона и Кројф. Напаѓачот на Бенфика и репрезентацијата на Португалија, Еузебио е далеку помалку споменуван и неправедно запоставен.
Мануел Ноер не се излежава, туку одржува форма со тренерот на голманите на Баерн Минхен, Тони Топаловиќ. Локацијата му е на мирно место, во планински предел и покрај езеро, а царот ставил и гол поголем од дворот.
Накратко, клупскиот доктор на Хајдук Сплит, Анте Туриќ детално раскажува како се одвиваат тренинзите на „Пољуд“. Ова е прва фаза, а следна е тренинг во поголеми групи.
Видовме многу, доживеавме, уживавме, се гордеевме, се радувавме, а и се нервиравме со нашите ракометни јунаци изминатава декада. Но ајде да се потсетивме кога и како почна таа треска која потоа удри силно, со континуитет.
Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов започна со тренинзи со неговиот Штутгарт и уште од старт покажа дека не го изгубил чувството за топка за време на паузата. Германските клубови почнаа со тренинзи, а првата и втора Бундеслига треба да продолжат на средината од месецов.
Од левата страна имаме доста повозрасен навивач на Челси, а од десната младиот напаѓач на Челси и Англија, Тами Абрахам. Тоест дечкото само многу личи на него, а ферниот негов фан веројатно ќе сфати кога ќе им се фали со фотката на внуците.
Фудбалската К-Лига на Јужна Кореа стартува во петок со посебни мерки и препораки кои останатиот дел од светот посебно ќе ги разгледува и ќе се обиде да ги примени во своите системи.
Карантинов го укотви фудбалскиот свет дома во фотеља, а и тие што не беа по социјални мрежи, сега се активираа, бидејќи сконтаа дека таму е забавата. Бобо Виери е прв на тие релаксирани он лајн средби, ама се отвори и човек од кој и не очекувавме баш дека ќе каже смешка. Роберто Манчини.