
Името Тејаб Авана веројатно не ви значи многу, но за да го смените тој факт ќе се вратиме на 8 април 1990-та година, годината кога е роден, како и местото, а тоа е главниот град на луксузот, Абу Даби, кој лежи на Персискиот залив.
На тој ден е родено момчето кое првите фудбалски чекори ги има направено како 9 годишник во Банијас, локална екипа за која настапуваше осум години како дел од јуниорските категории.
Сјајните партии и одличниот фудбалски шмек му донесоа можност да заигра за прв тим на само 17 години, каде и остана неколку години.
Авана добив повик и за Светско првенство за играчи до 20 години во 2009-та во Египет, на кое постигна гол во 93-та против Јужна Африка, доволен за реми, како и пласман во следна фаза на Обединети Арапски Емирати.
Откако се врати на своите клупски обврски постигна гол во Лига Купот за кој како да ви кажеме.
Тогашниот селектор на ОАЕ, Среќко Катанец му даде шанса и на пријателски натпревар против Манчестер Сити. Авана тогаш не постигна гол, но две години подоцна на 17 јули 2011-та, го изведе веројатно најхрабриот пенал кој сте го виделе.
Катанец не беше воодушевен од потегот и во 79-та минута реши да го извади од игра. Не беше казнет, иако во федерација размислуваа дали да го санкционираат поради непочитување на противникот.
И кога ова младо и многу храбро момче се очекуваше дека ќе стапне и во фудбалска Европа, се случи трагедија.
На враќање од тренинг доживеа сообраќајна несреќа на мостот Шеик Зајед откако се судрил со камион. Според извештаите на медиумите, во моментот на судирот тој разговарал на телефон.
Таа информација не е потврдена, но едно е сигурно. На 25 септември 2011-та, фудбалскиот свет остана без еден од најголемите шмекери од младите генерации кој остави голем траг и покрај тоа што замина на само 21 година.