Виери до Верон: Ако ви треба булдожер во Естудијантес ќе дојдам, 106,4 кила сум направен

Нова супер интересна Инстаграм епизода од серијалот на Бобо Виери кој постојано се слуша со поранешни соиграчи. Конечно се скраси дома и стана татко, ама навечер не спие и го проверува детето дали дише. Откри и кој од колегите се прави дрво од две чаши вино.

ЖАЛАТ ШТО НЕ ИГРАЛЕ ЗАЕДНО

Бобо: Ти стално ме смееш. Сега баш им раскажував на луѓе дека си еден од најдобрите играчи во историјата. Сакав да играм заедно со тебе со години и секогаш зборев во управа, да го купиме Верон, да го купиме Верон, да го купиме Верон и на крај кога дојде ти во Интер, јас бев “готов“, не ме биваше веќе. Но одигравме една година во Интер и убаво се забавувавме.

Верон: Се сеќаваш во Парма кога спасивте г`з и кога не победивте 1:3?

Бобо: Па ние стално победувавме против Парма.

Виери: Не не, чекај само таа ја победивте на гости кај нас.

Бобо: Аааааа ти зборуваш за Лацио, кога Манчини даде гол со петица.

Верон: Да. Потоа јас и ти се видовме во соблекувална. Ти ми рече сакам да играм со тебе, а јас ти одговорив дека и јас сакам да играм со тебе. Требаше да ме почекаш во Лацио. Зошто мораше толку клубови да менуваш, не можеше да седиш на едно место?

Бобо: Јас сум нервозен тип, не ме држи место. И дома сум таков, станувам навечер и три пати го менувам креветот.

БОБО КАКО “СТАР“ И АНКСИОЗЕН ТАТКО

Бобо: дома добри сте, малите како?

Верон: Кои мали, беа мали кога те запознаа пред 20 години, сега се големи.

Бобо: Гледај жено неговите имаат по 20 години.

Верон: Епа редно време беше и ти да направиш.

Бобо: Остај, на граница бев. Скоро дедо сум. На скоро 50 години направив дете.

Верон: Спие ли навечер?

Бобо: Да.

Верон: А ти спиеш во друга соба?

Бобо: Да, затоа што сум нервозен, често станувам и ја гледам. Ја проверувам дали дише, дали мрда и заради тоа се плашам. Не можам да издржам, таков тип сум. 1000 стравови имам, анксиозен сум и спијам башка.

НИКОЛА ВЕНТОЛА ГО ФАЌА ОД ДВЕ ЧАШИ ВИНО

Верон: Добро каде е Вентола?

Бобо: Во Милано.

Верон: Игра ли уште?

Бобо: Не, какво играње. Ми се јавува по 70 пати на ден. Баш вчера раскажував, на ручек пие две чаши вино и после одлепува. Вчера ми пушти гласовна порака од 2 и пол минути. Ја гледам и викам што му е на овој, кој пушта толку долги пораки? И почнува:

Бобо, многу те сакам, немој никогаш да ме изневериш, не ме оставај, јас верувам во тебе, ти си ми брат за цел живот. И плус плаче во пораката.

ВЕРОН ГО КАНИ ДА ДОЈДЕ ВО ЕСТУДИЈАНТЕС, АМА КАКО ИГРАЧ

Верон: Кристијан ти кога престана да играш?

Бобо: 2009-та.

Верон: Сега колку години имаш?

Бобо: 46. Престанав пред 10 години, а можев да играм уште 2-3.

Верон: Епа што не продолжи?

Бобо: Не продолжив, бидејќи јас имам потреба од мотивација и сакам да видам 80.000 публика, ако не тогаш не тренирам. Јас барам адреналин.

Верон: Него слушај, во Естудијантес имаме потреба од напаѓач, можеш да дојдеш на една година?

Бобо: Себа, вчера се мерев и ако ви треба булдожер, ќе дојдам. 106,4 кила сум направен. Денеска пробав нешто да вежбам, гледав на ајпадот зумба и не бев за гледање. Скроз бев надвор од ритам. Потиа пробав да трчам на скали, ама ништо, се уништив. Викам, не правам веќе ништо и се вратив на кауч.

7 мај 2020 - 14:42