Селекторот на Италија имаше видео разговор со децата од младинскиот сектор на Болоња, клубот каде нели тренер е неговиот добар пријател Синиша Михајловиќ.
Овие фудбалски стратези се познаваат одамна, бидејќи играа заедно во Сампдорија, потоа во Лацио, а кога Манчини стана тренер на Интер го зема Михајловиќ за помошник.
Пред да им зборува за фудбалски теми, Роберто на младинците на Болоња им раскажа една анегдота за Синиша од времето кога играа заедно во Сампдорија во средина на 90-те.
„Прво ќе ви раскажам една анегдота за вашиот тренер Михајловиќ. Кога игравме заедно во Сампдорија, тој возеше жолт спортски автомобил. Ако паметам добро мислам дека беше БМВ.
Еден ден Синиша отиде на железничка станица за да ја земе сопругата Ариана. Додека ја чекаше во кола, во еден момент му влезе непознат човек и седна на задно седиште.
Синиша му се сврти: Еј што правиш тука?
А овој му одговори: Па чекај, зарем ова не е такси?
Една јака фотка од тие времиња во Самп:
Свен Горан Ериксон, Роберто Манчини, Кристијан Карембе, Кларенс Сидорф и Синиша Михајловиќ. Па па па...
Тоти и Дел Пјеро вчера беа јаки со искреноста.