ЗА ФИЗИЧКИТЕ АКТИВНОСТИ
Дел Пјеро: Како си?
Тоти: Да речеме добро, ама не можам повеќе да издржам дома.
Дел Пјеро: Те гледам дека често тренираш. Сериозно го правиш тоа или?
Тоти: Да, никогаш повеќе немам тренирано во животот.
Дел Пјеро: Што најчесто? Трчање?
Тоти: Да.
Дел Пјеро: Јас мразам трчање
Тоти: Мене ли ми кажуваш, 25 години одев на терен.
Дел Пјеро: Јас минатата недела си купив велосипед.
Тоти: Па добро, рано ти текнало.
ЗА ДОМА
Деј Пјеро: Што последно работеше дома?
Тоти: Го чистев тоалетот од стари работи. Исфрлив стари парфеми и еден куп други работи кои не ми требаа.
ЗА КАПЕЛО
Дел Пјеро: Не држеше двајцата на клупа
Тоти: Добро, така требало. Уствари мене не ме држеше, туку ме вадеше од игра.
Дел Пјеро: Добро и мене исто, ама не бевме навикнати да не вади.
Тоти: Па да, не бевме навикнати, ама понекогаш тоа е добро. Затоа што кога ме замени мене, го освоивме Скудетото против вас кога одигравме 2:2. Ти и Зидан дадовте гол.
Дел Пјеро: А кај вас дадоа Наката и Монтела.
Тоти. Да. Какви времиња а? Би се вратил назад?
Дел Пјеро: Да.
БРОЈ НА ТИТУЛИ
Тоти: Колку Скудета освои ти?
Дел Пјеро: На терен 8, а официјални 6.
Тоти: Јас на маса освоив 10-12, а официјално едно. Јас скоро 20 години бев втор.
ЗА КОНКУРЕНЦИЈАТА
Дел Пјеро: Добро тоа беа различни епохи. Замисли во тоа време седум екипи можеа да го освојат Скудетото. Фиорентина ги имаше Руи Коста и Батистута, а Парма ги имаше Канаваро, Турам, Верон, Креспо.
Тоти: Како не бе, па Бреша ги имаше Баџо, Пирло и Хубнер. Во Болоња играа Андерсон и Сињори.
Дел Пјеро: Во Палермо Амаури и Миколи.
Тоти: А се сеќаваш колку беше јак Киево со Дел Нери? Летаа.
Дел Пјеро: Леле колку беше грдо таму да се игра.
Тоти: Гостувањата во Верона ни се паѓаа секогаш пред Божиќ. Теренот сув, за никаде. Во 15 години ние таму само победивме 2-3 пати. Стално губевме.
ЗА ДЕФАНЗИВЦИТЕ
Дел Пјеро: Кој те искршил најмногу?
Тоти: Најмногу Монтеро. Кога ме удриш еднаш, леле мајко. Ногата ми летна на трибина.
Дел Пјеро: Јас еднаш се сеќавам во Рим, не ми текнува која година беше, ама тогаш го имавте Самуел. Не можам да ти опишам како ми влезе од позади. Инаку му кажав и лично, бидејќи пред шест месеци имаа пријателска со Аргентина тука во Лос Анџелес. Отидов да се поздравам со него, Скалони и другите од стручен штаб и се пошегувавме малку.
Тоти: Знаеш во што беше Самуел најдобар? Знаеше да те исплаши во вистински момент, кога не можеш да забележиш.
Дел Пјеро: Сепак беше феномен во одбрана, исто и Монтеро.
Тоти: Да да, тоа беа играчи кои назад играа со заврзани очи.