Во делот кога Фергусон зборувал за важноста еден голман вешто да игра со двете нозе, Шкотланѓанецот се присетил на Фабиен Бартез:
„Другите голмани преферираат да не ризикуваат. Си мислат: 'Ако можам да му ја подадам на првиот до мене, ќе му ја подадам'. Фабиен знаеше повеќе. Тој го сакаше чувството кога владееш со топка. Постојано тврдеше дека е подобар како играч на терен отколку како голман. Понекогаш во петок на тренинзи пред натпреварите играше во поле. Имаше стварно добра техника“, се сеќавал Ферги за лудиот Французин.
Бартез често храбро и смело пробуваше долги топки со додавања преку 50-60 метри.
„Недоволно е кога ме сметаат само за голман, зошто јас многу сакам да учествувам во играта, колку што е можно повеќе. Јас сум играч“, рекол за себе Фабиен.
Па така дошол и денот кога после многу молење, го убедил Фергусон да го пушти да изигра во поле со дечките.
И тоа како лево крило во нападот.
Тоа се случило во летото 2001-ва за време на една азиска турнеја на Манчестер Јунајтед. Кога англискиот трофеен клуб сфатил против колку несериозен противник игра (во 80' минута воделе 7-1 против репрезентацијата на Сингапур), играчите решиле да се забавуваат.
Највесело било кога крај аут линијата се појавил Бартез, последната замена на клупата на Манчестер. Неговото појавуавање не го пореметило резервниот голман Рајмнод ван дер Гоув кој бранел од старт. Бартез требал да смени друг Холанѓанец - Руд Ван Нистелрој.
Но за време на тривијалниот момент, судиите и делегатот се обиделе да ја задржат сериозноста и побарале од Бартез да облече дрес со друг број, затоа што со 7 веќе во игра бил Бекам. Па брзо реагирале од клупата и му дале дрес со број 14.
„Ме излуде, така што фала Богу конечно и тоа се случи и сега може да се врати на голот. Фабијан не е лош со топка, тука нема сомнеж Беше забавно да се пушти да игра во поле“, објаснил после мечот Фергусон.
Интересно, на видеото на Јутјуб може да се види дека Бартез играл на лево крило, еднаш пробал и да дрибне противнички бек и имал пар додавања до крајот од мечот.
„Другите играчи му подаваа на крило и после неколку трка со топката, Бартез се враќаше со исплезен јазик. Беше преморен“, се сеќава Фергусон во својата автобиографија.