Offside

Летнаа 17 дена од Светското или вкупно 72 натпревари од групната фаза. Голем успех за Конго, БиХ и Зеленортските Острови кои за прв пат се радуваат на мундијалска нокаут фаза, последниве како дебитанти. Уругвај и Турција разочaраа.

Професорот кој го внесе Лидс во Премиер после 16 години и доби име на улица

Навивачите на Лидс важат за едни од најжестоките во Велика Британија. После цели 16 години сонот на многу генерации се исполни - клубот се враќа во Премиер лига. Легендарниот тренер Биелса е најзаслужен за големиот успех и навивачите го сакаат како идол.

Депортиво испаѓа во 3-та лига, не го играле последното коло поради корона на противниците

Шампионот на Шпанија од 2000-та, клубот за кој играа Рој Макај, Диего Тристан, Валерон, Пандијани, Ривалдо, Мауро Силва, Консеисао, Ѓукиќ, Молина, Џалмиња и други, од следната сезона ќе игра во шпанската трета лига.

Асистенцииште на Нејмар до Мбапе

Парижани се спремаат за нокаут мечот од ЛШ против Аталанта и до сега одиграа три подготвителни меча кои ги добија убедливо со гол разлика 20:0. Синоќа го победија Селтик со 4:0, а погледнете каква топка му даде Нејмар на Мбапе по само 50 секунди игра.

Необичната вечер на португалски Авес

Авес е фудбалски клуб од Португалија и нов второлигаш во оваа земја. На табелата во првата лига имаат само 17 бода и дури 26 порази на 33 меча сезонава. Испаднати се уште одамна. Синоќа пред мечот со Бенфика шоферот наводно ги изгубил клучевите од автобусот, па сите играчи морале да одат со коли до стадионот.

Двата гола на семоќниот Златан Ибрахимовиќ

38-годишниот Ибра му донесе нови три бода на Милан кој не знае за пораз по рестартот на сезонат0 (7 победи на 9 меча),  а и има гарантирано место во Лига Европа. Ибракадабра има 8 гола и 4 асистенции по враќањето на „Сан Сиро“ на 17 декември лани.

Ако не па 10 пати да шутнам за да ти дадам гол

Милан продолжува со фантастичната серија после карантинот во Италија, а синоќа го совлада и Сасуоло на гости со 1:2. Одеше и на трет гол, ама голманот на домаќините запна ептен и реши да не прима повеќе.

Да чуеме како се пцујат и тренерите во Серија А

Поради театарската атмосфера и ехото кое се прави без публика, до сега чувме како пцујат играчите на Милан и Њукасл. Синоќа во Серија А се сретнаа Аталанта и Болоња, а сочни пцовки летаа од устата на Михајловиќ кој му се сипа на Гасперини.

Зидан и Карим се кабили - берберски народ од Алжир со кој многу се поврзани

Творците на големиот шампионски успех на Реал Мадрид имаат исто потекло. Нивните родители се од северен Алжир а и Зизу и центарфорот се родени во Франција но не забораваат на своите корени.

Како четвртиот од Серија А може да извиси во ЛШ?

Фино направија што ниту една екипа од топ 4 во Италија, Шпанија, Англија и Германија нема потреба повеќе да игра квалификации и може директно да се пласира во Лига на шампиони. Но пак постои едно ако, кое реално е многу тешко изводливо.

Тоти освојува титули и во пензија и тоа со проектили

Како велат, еднаш мајстор, засекогаш мајстор, а мајсторот си гази и на 43 години како учесник во првенството познато во Италија како „Campionato di calcio a 8“ кое се игра со локални екипи. Победата е уште послатка бидејќи Франческо Тоти со својата екипа Тоти Спортинг клуб го совлада противникот кој се вика Лацио. 

Сторијата за голман од Руанда кој преживеал геноцид благодарение на слика од фудбал

Само една фотографија која што ѕиркала на едно место во домот на младиот Ерик, успеала да го спаси од сигурна насилна смрт.

За нас нема место на стадион? Нема проблем, ќе ве бодриме од кранови

Знаеме дека Пољаците се меѓу најоткачените навивачи во свет, ама не до толку за вака да се испентарат и да навиваат. И тоа не за фудбал, туку за спорт кој нема да го очекувате.

Што не сме знаеле за играчката кариера на Жозе Мурињо како млад

Жозе имал сенс за топка. Не бил дунстер. Иако главен тренер едно време му бил татко му, Мурињо никогаш не ја користел таа положба и бил крајно љубезен со сите други фудбалери, а на постарите им ги чистел копачките.

Полека друже и мајка ти дома те слушна

“How you given that you wee dick”, му рече Мет Ричи од Њукасл на линискиот судија, само затоа што се налути поради досуден фаул. Така е без публика, да кивнеш се слуша.

Туристичкиот рај на Дизни каде што ќе се игра НБА лигата

Американската фудбалска лига МЛС веќе ја обнови сезоната во ESPN Wide World of Sports - гигантскиот спортски комплекс на Дизни. Спортот во овој Дизни Свет е испреплетен со ликовите од цртаните филмови: Мики Маус, Доналд Дак и Елза кои секогаш се тука некаде во близина.

Дресот од рекордот на Роналдо го лапна наше дете

Кристијано Роналдо синоќа постигна два гола против Лацио и стигна до бројка од 30 сезонава, исто колку Имобиле со кој сега се израмнети. Овој дрес има посебна вредност, а привилегија да го добие имаше Никола Секулов.

Роналдо го урна Лацио и урна неколку неверојатни рекорди

Благодарение на Кристијано Роналдо кој со два гола му се одмазди на Лацио кој победуваше на претходните два дуели, Јувентус сега има +8 на 4 кола до крајот.

Има зошто Шчесни е прв голман на Јуве

Јувентус го совлада синоќа Лацио со 2:1 и на 4 кола до крај има +8 од Интер, што значи титулата е речиси решена. Гостите намалија преку Имобиле, а во финишот за влакно не израмнија. Голот го спаси Пољакот кој извонредно реагираше на слободниот удар на Милинковиќ Савиќ.

Ново видео на Ибра со Дилета

Не се знае дапи е од периодот кога снимаа реклама или пак е од сега, ама не е ни битно. На новото видео кое го објави италијанската спортска новинарка од DAZAN, таа танцува, а Златан доаѓа од позадина и ужива во погледот.

Платите во РК Вардар 2010-2020

Не е ова информација која македонските колективи во било кој спорт имаат навика да ја споделат со јавноста и затоа ја дознаваме од Handball tv. Се знаеше дека Сергеј фино ги плаќа, барем кога ги плаќаше, што значи сумите се од прилика познати од чаршијата.

На навивачите на Ливерпул им е најјако

2019: Лига на Шампиони, Супер Куп на Европа, Светско клупско првенство. 2020: Премиер лига. Кој сака нека дојде.

Како Тони Адамс ја тренираше Гранада

Ги водеше од 10 април до 3 јуни 2017-та на 7 меча и ги загуби сите до еден. И не, тој НЕ е заслужен што за прв во историјата ќе играат во Лига Европа.

Пандев е душата на Џенова и водач на црвено сината војска

Викендов го немаше меѓу стрелците, туку меѓу асистентите, но го има на насловните страници и тоа со највисока оценка во еден од најважните дуели на Џенова во борбата за опстанок. Фрчат пофалби за легендата.

Како судија со глупава одлука може да те исфрли во втора лига

Шпанска Ла Лига спушти завеса на сезоната 2019/2020. Шампион е Реал Мадрид, а од лигата испаѓаат Еспањол, Мајорка и Леганес. Токму последниве можеа да се спасат зошто во 84' минута на дуелот со Реал Мадрид при резултат 2:2 не добија пенал по играта со рака Лука Јовиќ.