Џенаро Гатузо на последните две средби со појави со чуден изглед на около. На социјалните мрежи прочитал глупи муабети во врска со темата, па отворено во живо на Скај го разјаснува проблемот.
Стратегот на Наполи машки во негов стил на нога се бори и покрај тоа што не гледа како што треба. Ако може да одбере, вели дека би умрел на терен.
„Сакам да апелирам до сите деца кои страдаат кога имаат нешто чудно и не изгледаат убаво во огледало. Животот е убав и мора да се соочат со него без да се криат. На моите играчи деновиве им беше чудно што ме гледаа ваков. Слушнав муабети дека сум мртов, дека имам уште еден месец од животот. Но бидете сигурни дека не умирам, жив сум.
Имам имунолошка болест, се вика мијастенија, им благодарам на лекарите кои ме лекуваат. Веќе десет години ја имам и ова е трет пат како ми се случува, но овој пат ме удри силно. Не сум убав за гледање, но ќе помине, окото ќе се врати на место. Тешко ми е, гледам дупло со тоа око и тешко е да се стои на нозе. Само лудак како мене може вака на нозе да му се спротивстави на овој проблем.
Не сакам вакви моменти, но морам да го прифатам затоа што има полошо во животот. Го работам она што ми се допаѓа, тоа е мојот живот. И ако еден ден треба да одлучам како да умрам, сакам да го сторам тоа онаму каде што го поминав цел живот, на терен“.
Проблемот го сфатил уште како играч на Милан на натпревар против Лацио кога по грешка му влегол на Неста.