160 голмани на кои Меси им дал гол, ќе добијат уникатно шише пиво

Од еден куп рекорди, последниот остварен е можеби најневеројатен. Лионел Меси во вторникот го постигна својот 644. гол за Барселона и стана прв играч на светот со толку погодоци за само еден клуб. Претходно рекордот го држеше Пеле.

Новото рекордно остварување на Меси кој по број на голови за еден клуб го надмина и Пеле од времето на Сантос, го инспирираше и пивскиот гигант Бадвајзер.

Оваа компанија од САД решила да произведе ограничен тираж на пивски флаши со натпис Меси и негова слика. 160 голмани на кои Меси им дал гол во кариерата ќе добијат по еден примерок од ова пиво.

„Во оваа игра нема лесни голови!“, стои во описот на видеото.

24 декември 2020 - 14:46