Францускиот репрезентативен плејмејкер Томас Ертел синоќа останал сам сред аеродромот во Истанбул откако Барселона не му дозволила да се качи во авионот за назад затоа што преговарал со Реал Мадрид.
🚨 ¡SE NIEGAN a HABLAR! 🚨
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) December 23, 2020
🙄 Ni la PLANTILLA del BARÇA BASKET ni Nacho Rodríguez, MANAGER de la sección responden a @10JoseAlvarez tras el ESCÁNDALO con HEURTEL. #ChiringuitoBarcelona pic.twitter.com/HrXldG7fxh
Неколку дена Каталонците сакаа да го трампаат Ертел во Фенербахче а во замена да го добијат неговиот сонародник Лео Вестерман, но Ертел одбил да се пресели во Турција и зад грб преговарал со агенцијата „Беоспорт“ на Мишко Ражнатовиќ со цел да потпише со Реал Мадрид, смртниот ривал на Барса.
Барселона планирала на Ертел да му го исплати преостанатиот дел од договорот и тој да замине во Фенербахче како трампа со Вестерман но од тоа изгледа нема да има ништо.
Суровиот потег на Баса го осудија многу колеги на Ертел:
„Отсекогаш сум гледал на Барселона како на 'златен стандард' во Евролига, но ова што се случи е голема срамота. Не те сакаме во клубот, сакаме да си одиш, ама мораш да одиш само таму каде што ние ќе ти кажеме. Ова не е диктатура. Ако не ме сакате, пуштете ме макар да одлучам што е најдобро за моето семејство“, вели најдобриот кошаркар на ЦСКА Москва, Мајк Џејмс.
We don’t want u at this club and we want you to leave but u can’t only go to a place we say..... this isn’t a dictatorship. U don’t want me let me go and I’ll decide what’s best for my family.
— Mike James (@TheNatural_05) December 22, 2020
Се надоврза и Кевин Серафан кој играше во НБА и во Барселона.
„Пробај да смениш агол на гледање ама не сум изненаден. Навивачите се неверојатни, ама управата... Ќе им понудам мозок за Божиќ“, вели Серафан кој го поддржа сонародникот Ертел.
Добриот другар на Томас Ертел, асот на Орландо Меџик во НБА кратко напишал: „Беден клуб“.
Се огласија и од кошаркарскиот сојуз на Шпанија кои прашаа „Остана ли бар малку човечност во комплетнава ситуација со пандемијата?“
Покрај Ертел, жртва испадна и Лео Вестерман кој раскинал договор со Фенербахче со цел да го замени колегата од репрезентацијата на Франција во Барселона. На крајот останува агенцијата Беобаскет на Мишко Ражнатовиќ која што ги застапува и двајцата кошаркари, да им пронајде нов ангажман.
Самиот Ертел веќе некое време бил во конфликт со тренерот Јасикевичиус кој против Олимпијакос цел меч го држел на клупа. Инаку пред неколку месеци Томас Ертел уште додека играше за Басконија, објавил слика со дрес на Реал Мадрид:
Уертел во Барселона освои 2 Купа на Кралот (2018 и 2019). Двата пехари ги освоија во финале против Реал Мадрид а МВП и во двата финални дуели стана Томас Ертел така што не може да се спори неговиот професионализам.