Ефес го доби Реал Мадрид 74:64. Дариус Томпсон дефинитивно ја има најдрската можна рампа на сезоната, па и повеќе од тоа. Му ја запели, го седна на газ, ја зграпчи со две раце, па уште и му ја врати. Неверојатно.
Кошарката остана без еден од своите доктори. Душан Дуда Ивковиќ ќе биде запаметен како трофеен архитект на баскетот под чија диригентска палка поминаа многу врвни играчи.
Додека неговиот репрезентативен колега Никола Јокиќ ја чека МВП наградата за најдобар играч во НБА, Василије Мициќ вечерва го доби ова признание за најдобар кошаркар во Евролигата. Со неговиот Ефес Пилсен ја освои првата титула во Евролигата, постигна 25 поени во финале против Барселона и запеа песна со актерот Дарко Периќ (ликот Хелсинки од серијата Ла Каза де Папел).
Кошаркарите на Ефес Пилсен по првпат во историјата го освоија највредниот трофеј во европската кошарка откако вечерва со 86:81 ја совладаа Барса. МВП на сезоната и на Фајнл Фор е Василије Мициќ кој растури и во финалето.