Веројатно не можеме да си дозволиме да констатираме дека Лионел Меси сезонава игра со помалку жар. Синоќа Барселона го совлада Ваљадолид со 0:3, а Меси учествуваше во сите три погодоци, со гол, асистенција и клучно додавање во негов стил.
Историјата постои за некој да ја испише, а тоа го можат само најдобрите. Онаа за која денеска пишуваат сите му припаѓаше на Пеле половина век. Сега му припаѓа на Меси кој стана најдобар клупски стрелец во историјата.
🐐 M E S S I 👑
— FC Barcelona (@FCBarcelona_cat) December 22, 2020
Leo #Messi es converteix en el màxim golejador de la història en un mateix club.
6️⃣4️⃣4️⃣ - H I S T Ò R I C 🔥 pic.twitter.com/I7oyRPpsju
Пеле држеше рекордна бројка од 643 гола, сите за Сантос постигнати на 665 натпревари, а Меси синоќа забетонира нов рекорд од 644 гола за Барселона постигнати на 749 средби. Пеле го постави рекордот за 19 сезони во периодот меѓу 1956-та и 1974-та година, а Меси за 17.
Кој би рекол дека ќе стигне до ваков епски подвиг кога на 1 мај 2005-та против Албасете го постигна првиот гол, оној со лоб на асистенција на Роналдињо.
Leo Messi's 644 official goals for Barcelona, a world record for eternity pic.twitter.com/xxuDOckdFx
— RECORD-BREAKER 🐐 (@MessiStats_) December 22, 2020
„Кога почнав да играм фудбал, никогаш не помислив дека ќе срушам некој рекорд, посебно овој кој го срушив на Пеле. Можам само да им се заблагодарам на сите кои ми помогнаа, соиграчите, фамилијата, пријателите и сите кои ме поддржуваа“, напиша Меси на Инстаграм.
А да се само овие 644 гола на човекот кој 10 пати ја освои Ла Лига, 4 пати Лигата на шампионите, 6 пати Златната топка...
Неговиот предизвик на стартот на годинава изгледаше вака:
#Messi's challenges for 2020...
— FC Barcelona (@FCBarcelona) January 1, 2020
# 1️⃣ Catch and surpass @Pele as the top goalscorer for a single team. pic.twitter.com/qK2LUtgz04
Погледнете што им правеше синоќа и каков беше неговиот придонес во сите три гола.