Авио летови со CR7 Airlines

Во саботата Јувентус со 0:4 ја победи Парма, а Кристијано Роналдо уште еднаш докажа дека возраста е само илузија. Португалецот постигна два гола од кои едниот со глава после небесен скок.

Кристијано ја натскока одбраната на Парма и го совлада 29-годишниот голман Луиџи Сепе кој остана во место по небескиот скок на Роналдо за 0-2: 

Пред една година Роналдо на меч против Сампдорија во Џенова скокна 71 сантиметар а топката ја внесе во гол по удар со глава на висина од 2,56 сантиметри

Скоковите на Роналдо се толку легендарни што за нив снимаат и документарни серии. Во една таква, Ronaldo: Tested To The Limit (2011), Нил Смит, специјалист по биомеханика од универзитетот Чичестер, пресметал дека Роналдо може да достигне одраз од 78 сантиметри.

Оние 71 см против Сампдорија се просечен одраз за НБА играч.

СИТЕ ЛЕГЕНДАРНИ ГОЛОВИ СО ГЛАВА НА РОНАЛДО ПО ГОЛЕМ ОДРАЗ:

Манчестер Јунајтед - Челси, 21 мај 2008

Во првите две сезони на „Олд Трафорд“, Португалецот два пати се кладел со Сер Алекс Фергусон колку голови ќе постигне. Во дебитантската сезона се кладеле на 10 гола, а Роналдо постигна 6. Во втората сезона бил стрелец на 9 гола во сите натпреварувања.

Во првите три сезони Кристијано постигнал само 3 гола со глава. Гери Невил еднаш раскажал дека се се сменило во 2006-та за време на Светското во Германија.

„На физички план тој израсна од дечко во маж. Претходно немаше таква моќ, телото му стана посилно и тој стана поенергичен во играта“.

И самиот Манчестер Јунајтед подоцна прими гол со глава од Роналдо. Во 2013-та година Алекс Фергусон дали разочарано дали восхитено, констатирал: „Неговата чашка од коленото беше на висина на главата на Патрис Евра. Ни Меси не може така“.

Реал Мадрид - Манчестер Јунајтед, 13 февруари 2013 година

Реал Мадрид - Осасуна, 11 јануари 2014 (Шпански Копа дел Реј)

Реал Мадрид - Депортиво, 20 септември, 2014-та

Португалија - Велс, Евро 2016

Минатогодишните 71 сантиметар не беа рекорден одраз на Роналдо. Во полуфиналето 2016-та година против Велс, Кристијано го постигна победничкиот гол после страшен скок од 76,2 сантиметри над тревникот.

Во ноември годинава на меч против Андора, Кристијано Роналдо полета така високо што тешко се приземји

21 декември 2020 - 13:04