Стоперот на Милан кој е позајмен од Челси со право на откуп по крајот на сезоната, одигра фантастични неколку месеци и е меѓу позаслужните што росонерите го чуваат местото кое после долги години ќе ги однесе во Лига на шампиони. Фикајо Томори против Јувентус постави нов рекорд за одраз од земја при постигнат гол со глава.
Во саботата Јувентус со 0:4 ја победи Парма, а Кристијано Роналдо уште еднаш докажа дека возраста е само илузија. Португалецот постигна два гола од кои едниот со глава после небесен скок.
Во НЛФ лигата секоја година се бира по еден непознат и надежен играч кој треба да покаже колку му се можностите во комбинирано скокање. Тоа е извесен Бајрон Џонс кој постави нов рекорд.
Не можеш. Тој вежба со саати и има помалку телесни масти од супермоделите. Со неговиот висок скок се одразува 2.88 метри од земја, а обрачот на кошот е висок 3.05, што значи ја куца без проблем. На таа висина тешко е човек да ја цивне топката, а не па да му ја збрца на Манчестер.