Џонс поради повреда пропушти поголем дел од сезоната, но тоа не му влијаеше да покаже со колкав одраз располага. Во вертикален скок или скок во далечина од место, успеа да скокне 3,7 метри и со 20 см повеќе го урна рекордот поставен пред две години.
Извонреден резултат покажа и во скок во височина и се одрази 1,13 метри, а тоа е повеќе од највисокиот скок на Леброн Џејмс кој најмногу има скокнато 1,11 метри. Џонс може да се пофали дека скока повеќе и од кошаркарски легенди како Трејси Мегреди, Винс Картер, Доминик Вилкинс и Шон Кемп.
Подобар од 22 годишниот Џонс во американскиот фудбал е само Криз Конли кој има скокнато само еден сантиметар повеќе. Во НБА лигата највисоки скокачи се пензионираните Мајкл Џордан и Дарел Грифит кои успеале да се одразат 1,21 метри.