Фудбалската асоцијација на Англија го суспендираше Киран Трипие а казната важи и за Шпанија. Тој ќе пропушти 10 недели: од 23 декември до 28 февруари.
Десниот бек нема да може да игра ни против Челси на првиот меч од 1/8 финалето во Лига на шампиони на 23 февруари и ќе се врати дури за градското дерби со Реал на 12 март 2021.
ФА покрена истрага во мај годинава. Трипие во Атлетико Мадрид дојде на 17 јули 2019-та, но неговите пријатели за тој трансфер дознале многу порано. И успеале да се окористат во обложувалниците.
Фудбалската асоцијација на Англија успеала да ја пронајде преписката на WhatsApp и нашла докаи.
Според ФА, Киран Трипие 7 пати го нарушил правилото Е8(1)(b).
После обвиненијата Киран негирал дека е виновен:
„Сакам да појаснам: јас сум професионален фудбалер и ниту во една етапа од својата кариера не сум се кладел на работи поврани со фудбал и не сум добил никаква финансиска корист од други обложувања“.
ФА основала независна комисија која утврдила четири од седум прекршоци.
Трипие сега може да ја обжали пресудата но малку е веројатно дека ќе му ја тргнат казната.
Без десниот бек кој е стандарден кај Симеоне, Атлетико ќе игра 12 меча.
Британскиот The Athletic пишува дека управата на Атлетико била гневна на одуката и дека тие би можеле и да го пуштат Трипие да игра на некој натпревар.
КАКО КАЗНИ ВО АНГЛИЈА МОЖЕ ДА ВАЖАТ И ВО ДРУГА ЗЕМЈА?
Просто е: ФА упатува посебно барање до ФИФА за дисквалификацијата да се прошири и на фудбалска активност во цел свет.
Новинарот Оливер Кеј смета дека строгите правила не и сметаат притоа на ФА да соработува со букмејкери: договорот со британската обложувалница Ladbrokes не бил продолжен само во 2017-та.
ФА објавила дека е изменета политика во однос на хазардните игри. Некои натпревари од ФА Купот може да се гледаат и на сајтот Bet365 каде може да се регистрира корисникот и да уплати тикет.
Договорот со Bet365 важи до 2022 а од ФА велат дека го потпишале трети лица.
„Главниот фудбалски орган бара од ФИФА да му забрани на играч кој игра во друга земја и лига. Поради што? За да ги заштити букмејкерите? Ова е многу чудна позиција за раководниот орган на англискиот фудбал“, напиша Кеј.