Offside

Англија и Хрватска ги оправдаа очекувањата во групата Л. Англичаните ја добија Панама и останаа први. Хрватска беше подобра и Гана, која куртули и ќе игра нокаут фаза како трета.

Документарецот на Нетфликс за синонимот за скандали Никола Анелка

Французинот кој смени многу клубови, освои скоро сè што може да се освои, виде различни земји и култури, но се памети по пискиот јазик и конфликтниот карактер кој ги излудуваше тренерите и селекторите.

Столе - Чкембари 1:1

Македонскиот ракомет дефинитивно ќе има многу интересна сезона. Она што неколку години фалеше на домашна сцена е неколку израмнети тимови по квалитет. Доказ за тоа е и високиот пораз на Вардар од Еурофарм Пелистер кој се остри за титулата заедно со сериозно засилениот Металург.

Ал Капоне обожавал бокс, имал двајца негови боксери, едниот шампион, другиот убиец

Кралот на мафијата во Чикаго и еден од најозлогласените босови се занимавал не само со шверц на алкохол, проституција, коцка, нарачани убиства и рекет. За него боксот не бил само страст туку и една од можностите за заработка.

Има нешто во тоа за фудбалерите и школото

Сарагоса, која долго време беше трета во Сегунда, имаше можност да избори пласман во финалето на плејофот и да се бори за враќање во богатата Ла Лига. На гости одиграа 0-0 со Елче а синоќа изгубија дома. Примија гол во 81' минута, ама моментот на мечот го имаше Хави Рос во 87' минута кога можеше да го врати својот тим на почетната позиција. И глејте што направи:

Докторот Роси беше на секунди од оној свет

Легендарниот Валентино Роси (41) низ кариерата помина низ баш многу ситуации во кои го ризикувал дури и животот, но инцидентот на трката во Австрија ќе го памети засекогаш. На една кривина му налетаа моторите од кои секунди претходно излетаа возачите на Јамаха Франко Морбидели и Жоан Зарко од Дукати.

Малиот Џуд веќе ги забавува соиграчите во Дортмунд

Борусија со неверојатни 11-2 ја победи Австрија Виена во пријателска средба во текот на подготовките, а еден од стрелците на гол беше и 17-годишниот Џуд Белингем кој покажа што знае.

Манчестер е елиминиран, во финале оди специјалистот за ЛЕ

Севиља ја завери визата за финалниот натпревар во Лига Европа кој ќе го игра на 21 август со победникот од дуелот Интер - Шахтјор. Манчестер Јунајтед поведе од пенал, но синонимот на ова натпреварување со рекордни пет трофеи, направи целосен пресврт.

Разликата меѓу Меси и Роналдо во соблекувална

Барселона против Баерн го доживеа најголемиот срам во последниве 70 и кусур години, а дебаклот се надзираше уште по првите 45 минути во кои губеа 1:4. Капитенот беше снимен на пауза како дреме на стол, што е скроз некапитенски, особено во меч од ваква важност.

Не смееше да си дозволи Стерлинг ваква срамна утка

Ни фудбалерите на Манчестер Сити, ни Пеп Гвардиола, ни навивачите да не гледаат хајлајтс, особено не од второ полувреме. Во 86-та минута пукна невиден срам, откако Стерлинг направи епско промашување за 2:2. Несфатливо е ова.

Шок за Манчестер Сити, во полуфинале оди Лион

Пукна уште една сензација во Лисабон. По фудбалерите на Лајпциг кои го елиминираа Атлетико Мадрид, уште еден голем фаворит е на колена. Манчестер Сити - Лион 1:3. Епа момци со среќа против Баерн.

A да имаше реванш?

Не, нема потреба.

Алфонсо си поигра со Семедо како со мало дете

Смешно изгледаше вечерва одбрана на Барселона, која за прв пат во историјата прима четири гола во прво полувреме на меч во ЛШ. Потоа во второ прими уште четири. Баварците беа безмилосни и имаат златни деца како 19 годишниот Алфонсо Дејвис.

Фудбалерите на Барселона пешки ќе си одат дома

Каталонците вечерва се понижени и пропаднати во земја, бидејќи доживеаа пораз каков што немале од 1946-та. 8:2 изгубија. Да, ОСУМ спрема ДВА. Со ваква мизерна и смешна одбрана не може да бараат трофеј ни во Ла Лига ни во ЛШ. Дебакл е млак збор.

Неодбранлив автогол на Алаба

Гледаме пеколен старт на вечерашното полуфинале во Лисабон кое по само 9 минути игра донесе два гола и три зрели шанси за Барселона. Резултатот го отвори Милер во 4 минута, а по само 3 минути Алаба го лобуваше Ноер за 1:1.

Кога на стадион ќе ти се погоди да има топла вода

Морумби е стадион вo Сао Пауло, Бразил со 67,052 места, капацитет кој знае да спласне кога ќе претера дождот. Тогаш се претвора во Аква Парк.

Видео кое не се догледува меѓу навивачите на Атлетико

Кај се наапани што испаднаа од Лајпциг, клуб кој се роди пред 11 години, па сега уште и ова им го рокаат на Твитер. Гревови.

Малериште на колото за 250.000 евра

Играта му е конкретна, а тоа е кој ќе победи. Одбрал 12 парови од ЛШ и ЛЕ, гаѓа 11 и го чека уште Атлетико Мадрид. Во 71-ва минута израмнија на 1:1, по што веројатно доживеал тресење едно 20 минути. Во 88-ма 2:1 за Лајпциг. Влогот му е 100 евра.

Проблематичниот пат на Лајпциг до врвниот фудбал

На 8 август 2009-та, Лајпциг го доживеа пречекот во светот на фудбалот. Почетоците на клубот беа далеку од гламурозни и далеку од центарот на вниманието. Без ВИП салони, климатизирани соблекувални и високо технолошки прес центри.

Достоен пречек за хероите на Аталанта

Сезонава постигнаа рекордни 98 гола и само Сити (102) и Баерн (100) имаат повеќе од нив. Дебитираа во ЛШ маестрално и тоа не само со поминување групи, туку и со пласман во топ 8 откако ја попарија Валенсија со вкупни 8:4. Плус до 90-та минута против ПСЖ имаа в рака и полуфинале.

Чувството дека си полуфиналист во ЛШ, а постоиш само 11 години

Да, компанијата Ред Бул го формираше Лајпциг на 19 мај 2009-та. Седум години подоцна од петта стасаа до Бундеслига. Осум години подоцна влегоа во Лига на шампиони. 11 години подоцна се пласираа во полуфинале. Ги води Јулијан Нагелсман на возраст од 33 години, најмлад тренер во историјата кој стигнал до топ 4. Неверојатно.

За Роналдо не постојат лоши кифли

Тоа е, стрвен си е човекот, сака да си касне.