Aлкојано го пречека 13 кратниот европски првак на стадионче со капацитет од 4.850 седишта, помал од Тумбе Кафе, ама затоа го посрамоти за сите пари и го исфрли од Купот на Шпанија со резултат 2:1.
Зидан се реши на гостувањето да пушти комбиниран состав, ама кога виде што го снајде после доцна му беше. Кралевите имаа водство со голот на Милитао во 45-та минута, но домаќините не се дадоа и на 10 минути до крај израмнија со голот на Солбес по што мечот се решаваше во продолженија.
Во 110-та минута домаќините останаа со играч помалку откако Лопез беше исклучен, но во 115-та се изборија за историски успех и преку Казанова ги посрамотија ѕвездите на Реал.
Зидан во игра ги внесе Бензема, Асенсио, Азар и Крос, ама џабе. Човекот кој го реши натпреварот за глава се држеше откако го даде голот. Не му се веруваше што направи.