„Кралскиот клуб“ не престанува да разочарува. По поразот во шпанскиот Суперкуб од Атлетик Билбао, тимот на Зинедин Зидан срамно испадна од Купот од скромниот третолигаш Алкојано од Сегунда Б.
Сензација во 16 финалето од Копа дел Реј каде Кралевите дозволија да бидат елиминирани од третолигаш и тоа со пресврт и плус со играч повеќе. Тимот се вика Aлкојано, ако ви значи нешто.