42-годишен голман го водеше малиот третолигаш до сензација против Реал Мадрид

„Кралскиот клуб“ не престанува да разочарува. По поразот во шпанскиот Суперкуб од Атлетик Билбао, тимот на Зинедин Зидан срамно испадна од Купот од скромниот третолигаш Алкојано од Сегунда Б.

Сензација на месецот е триумфот на третолигашот Алкојано над Реал Мадрид и тоа со играч помалку 2:1 во продолженија.

Тренерот на Реал сериозно му пристапи на овој меч па во првите 11 се најдоа Каземиро, Марсело, Валверде, Милитао, Жуниор Винисиус, со резервите голманот Лунин, бекот Одриозола и шпицот Мариано, а подоцна пушти и тешка артилерија од клупата.

Реал Мадрид синоќа имаше 75% посед на топка, 8:1 удари во рамки на голот, а во 45' минута и поведе пред полувремето преку стоперот Милитао.

Но Алкојано израмни во 80' минута по корнерот на Рамон Лопез кога Хозе Солбес постигна убав гол.

На Зидан не му помогнаа ни ѕвездите: во втор дел влегоа Бензема, Асенсио, Азар и Тони Крос. Не им помогна ни што Лопез доби црвен картон (втор жолт) за фаулот над Каземиро.

Во првото продолжение, свежиот Хавиер Антон ѝ избега на одбраната на Реал Мадрид, ги прејде Лукас Васке и Валверде, па го проигра Диаките кој го најде Хуан Казанова за 2-1. Резервниот голман Андреј Лунин по втор пат ја вадеше топката од своја мрежа.

Тргнаа „кралевите“ во жестоки напади, но тоа не им помогна да избегнат тежок срам.

Реал по петти пат во својата историја испаѓа од третолигаш во Купот. Кралскиот клуб дури и водеше до 80' минута кога Алкојано неочекувано израмни а во продолженија со играч помалку даде гол за конечни 2:1.

ХЕРОЈ НА ПОБЕДАТА Е ГОЛМАНОТ

Неверојатниот триумф на Алкојон над Реал кој одекна во цел фудбалски свет, изнедри уште еден јунак - голманот Хозе Хуан.

Пазете: Хозе има 41 година (на 25-ти месецов полни 42!). Голман е веќе 23 години, но во целата кариера одиграл само еден меч на елитно ниво - кога застанал на голот на Селта Виго во 2003-та.

Хуан синоќа имаше 10 чисти одбрани против ѕвездите на Реал Мадрид благодарение на кои неговиот тим оди понатаму.

„Никакви премии не планираме. Ама ако Хозе Хуан ми го побара станот на плажа, ќе му го дадам“, изјавил после мечот претседателот на Алкохон Антонио Јустисија.

Хуан е 6 години помлад од Зинедин Зидан и дупло постар од скоро сите фудбалери на Реал. Кога Хозе дебитирал во професионален фудбал Марсело например имал 10 години, а 4 играчи на „кралскиот клуб“ не биле ни родени.

Од сите голмани кои бранеле против Реал сезонава, Хозе Фигерас има најдобар учинок.

Според реномираниот сајт Transfermarkt.de вкупната вредност на сите играчи во Алкојон изнесува 2,6 милиони евра. А вкупната вредност на Реал Мадрид е 782 милиони евра! Дури 300 пати повеќе.

НЕ Е ПРВПАТ АЛКОЈАНО ДА ГО УРНЕ РЕАЛ МАДРИД

Алкојано во елитната шпанска Примера играл само четири пати во историјата (последен пат во сезоната 1950/1951) и секој пат испаѓал во Сегунда.

Но во сезоната 1947/1948 Алкојон опстанал во Ла Лига. И два пати не изгубиле од Реал Мадрид (победа 2:1 и реми 2:2).

Кралскиот клуб тогаш го градел „Сантијаго Бернабеу“ и од 1936-та не освоил титула. Тоа бил најлош период во историјата на Реал Мадрид кој тогаш завршил 11, а Алкојон 10-ти на табела.

А во 1949-та Реал веќе се борел за шампионска титула на новиот стадион (ја освоиле дури после пет години), а Алкојон испаднал и од тогаш не успеал да се крене.

До синоќа, на 20. јануари 2021 кога одново го урна големиот Реал Мадрид.

ВО ШПАНИЈА ПОСТОИ ИЗРЕКА ПОВРЗАНА СО АЛКОЈАНО

Во шпанскиот јазик има израз Tener más moral que el Alcoyano или „Биди поупорен од Алкојано“.

Шпанскиот новинар Енрике Ортего (автор на книга за Реал Мадрид и поранешен главен уредник на ABC) ја објаснил изреката: фразата го одразува борбениот дух на тимот и станала позната во културата.

Обично се користи кога сакаат да покажат дека аутсајдер не се откажува и оди до крај.

Има неколку верзии како настанала оваа изрека.

Ортего вели деа во 1943-та Алкојано изгубил 7:1 од Еспањол во меч за пласман во повисок ранг кога судијата неколку минути порано досудил крај зошто не гледал смисла да се доигрува. Играчите на Алкојано тогаш му се пуштиле на судијата и барале да се доигра преостанатото време - верувале во пресврт.

Втората верзија е слична на првата само со друго место и дата. Во 1948-ма Алкојано изгубил 0:3 во Купот но пред крајот од мечот барале од судијата да продолжи повеќе време за да се врателе.

Било како било, во 2021 година на Алкојано не му требаше да бара од судијата да продолжи време: израмнија во 80' минута а победнички гол за 2:1 дадоа во 115'.

И ја потврдија смислата на изреката Tener más moral que el Alcoyano!

КЛУБЧЕ ОД ГРАД СО 61.000 ЖИТЕЛИ

Еве како реагираа играчите на Алкојон пред неколку недели кога дознаа дека ќе играат против големиот шампион во Купот: