Претседателот на Русија важи за еден од идејните творци на Континенталната хокеарска лига во која од 2008-ма играат најсилните клубови од Русија, Белорусија, Кина, Финска, Латвија и Казахстан.
Путин во 2012-та година учел хокеарски потези од рускиот репрезентативец Вјачеслав Фетисов и секое слободно време го користи да одигра партија хокеј. Во последните 10 години Владимир Владимирович Путин активно игра во гала-натпреварите од Ноќната лига, аматерско натпреварување.
защитник Ротенберг Б. кажется чуток недорабатывает в обороне pic.twitter.com/9fmwC5CrEt
— эчпочмак и комбикорм (@kocizum) May 10, 2019
Но факт е и дека неговите противници често пати му се тргаат од патот и не влегуваат во познатите жестоки хокеарски дуели со него.
„Пред натпреварите ефсaшники (членови на ФСО - федерална безбедносна служба) обично нè предупредуваат да не му налетуваме на Путин. Викаат: „Момци, полека“. И ти сфаќаш дека е обезбедено лице, ќе му влегуваш ли во дуел? Памтите ли кога ви кажав зошто не сакам да играм фудбал? Па поради ова, зошто има луѓе кои полудуваат на терен. А хокејот е поинаков. Нема тука „ајде сега да ги прегазиме“ туку спротивно: „Дај убаво да играме“, раскажал во една прилика актерот Андреј Бурковскиј.
Во Русија деновиве актуелно е притворањето на опозицискиот лидер Алексеј Навални кој се испостави дека бил труен на крајот од минатата година, едвај преживеа во болница во Берлин а сега при враќањето во Москва бил уапсен на аеродром.
На неговиот Јутјуб канал се појавија видео снимки и фотографии од раскошниот таен дворец на Путин, снимени со дрон.
Во меѓувреме и Фондот за борба против корупција (организација која на територијата на Русија ја извршува функцијата на странски агент), најавил истрага за тајниот дворец на Путин.
Покрај сиот раскош таму за кој зборувал и Навални, таму имало и подземен терен за хокеј со висина како 5-спратна зграда.
Вы думали про бункерного деда — это шутки такие? НЕТ. Посмотрите, Путин вырыл себе подземный хоккейный дворец размером с пятиэтажный дом pic.twitter.com/Y1dodInSam
— Георгий Албуров (@alburov) January 19, 2021