Помладите може и да не го знаат, ама оние што се родени 80-те и што следат подолго време Премиер лига, сигурно ќе им текне на Реј Парлоу.
Беше дел од најубавите денови на Арсенал со кој стигна до двојната круна во 1998-ма и 2002-ра и освои вкупно 12 трофеи.
Топџиите под водство на Венгер во тоа време играа големи ѕвезди на Хајбери, но Парлоу беше херој од сенка и почитуван поради големата посветеност и борбеност.
Сега да го видите може и нема да го познаете. Поминаа 17 години како си замина од Арсенал каде играше 13 сезони и 11 како е повлечен од фудбал. Заигра уште и за Мидлсброу и Хал.
Реј има добар план, а тоа е да прави ЕП 2021 ама во пиво, односно да проба пиво од секоја земја учесничка на Европското.
Happy birthday if it’s yours. Thinking of doing a Euro beer 2021 using the groups already drawn. Beer from each nation in the euros. Macedonia beer could be difficult. Going with my fav 🐍 💣 warming up for my Ruby later. 🍻 pic.twitter.com/vXVaHSsuSu
— Ray Parlour (@RealRomfordPele) January 16, 2021
На Твитер му посочија какво пиво да бара и од каде.