Лука Дончиќ - 21 година, 30 трипл дабл учиноци во НБА

До каде ќе оди ова момче и што ли ќе пишуваме за него за едно 10 години? Па Меџик Џонсон, Леброн Џејмс и Оскар Робертсон до 22 години заедно немале толку.

Лука Дончиќ очигледно е роден за да руши рекорди и да испишува нови страници во кошаркарската историја и тоа во најквалитетната лига во светот.

Роден е една година по освојувањето на шестата титула на Мајкл Џордан со Чикаго, а веќе му урива негови лични рекорди. Можете ли да замислите какво е тоа чувство? Играте само трета сезона во НБА и остварувате нешто што не му успеало ниту на најголемиот.

Далас синоќа ја совлада Индијана со 124:112, а најефикасен беше Порзингис со 27 поени и 13 скока. Но вниманието повторно е свртено кон словенечкото чудо кое го опчини кошаркарскиот аудиториум со волшебни партии.

Со 21 година Дончиќ стана најмлад играч во историјата на НБА кој успеа да стигне до 30 трипл дабл учиноци.

Подвигот го оствари за 146 средби, 72 во првата, 61 во втората и 13 оваа сезона.

На таа возраст Меџик Џонсон, Леброн Џејмс и Оскар Робертсон заедно имале 29.

Дончиќ сега се наоѓа на 14-та позиција на вечната листа по број на трипл дабл учиноци каде владетел е Робертсон и има повеќе од имиња како Џордан, Брајант, Џабар, Баркли...

21 јануари 2021 - 12:13