Пилиштар е тука, 17 години има на кои ќе го памети првиот гол во кариерата постигнат на 7 октомври 2002-ра на мечот Спортинг - Мореиренсе, конечни 3:0. Всушност два им даде тој ден, ама првиот ќе остане историски, затоа што од синоќа е прв стрелец во историјата. 19 години подоцна стигна до неверојатни 760.