Срамот на денот го изеде тренерот на голманите на суперлигашот Форест Ренџерс пред натпревар во Замбија.
Тој всушност си постигна до сега невиден автогол, барем не од тоа што до сега е снимено и ставено на интернет од фудбалските терени.
За резилот се произнесе и Фудбалскиот сојуз на Замбија кој пушти соопштение и за срамниот гест, ама и за тоа што ги прскал стативите.
„Чарлс Чилеше е обвинет за неспортско однесување откако испрска со непозната материја на голот и уринираше или симулираше мокрење на една од стативите. Обвинет е и за дејствување кое е не е во согласност со вредностите и интегритет на фудбалот за кој се залага ФИФА“, се вели во соопштението.
Дисциплински мерки најавија и од клубот.
A video has been shared of the moment suspended Forest Rangers FC goalkeeping coach Charles Chileshe was seen sprinkling an unknown substance and simulating to urinated or actually urinating against a goalpost before his team's match with Prison Leopards on Saturday. pic.twitter.com/VapGc1fEUx
— ZambianSoccerNet (@ZambiaSoccerNet) January 18, 2021