Offside

Четириесет и шест годишниот Бразилец кој некогаш беше најдобар фудбалер на светот, потпиша договор со италијанскиот третолигаш Равена и ќе се обиде пак да заигра фудбал цели 11 година откако се повлече.

Унгарија на луд начин се пласираше на Европско

По децениско чекање, Унгарците ќе врзат два настапи на ЕВРО едно по друго. Откако во 2016-та беа најголемо изненадување заедно со Велс, синоќа Унгарците направија епски подвиг.

Твит на денот за Македонија

Македонската нација се радувала на големи успеси на ракометарите, на кошаркарите, на одбојкарите и на сите оние кои со огромен напор обезбедија пласман и играа на големи натпреварувања. Синоќа дојде ред и на оние кои најмногу ги чекавме - фудбалска Македонија ќе игра на најголемиот собир во Европа.

Завршниот коментар на Тони за морници

Историските спортски мигови се нарекуваат историски кога се случуваат и доживуваат за прв пат, а коментаторите се незаменлив декор на секој ваков ден. Игор го остави грлото во Литванија, Југо во Келн, а Тони Стојановски во Тбилиси каде експлодираше од емоции во друштво на Горан Стерјов.

Грми Скопје - сирени, бакљи и големо славје

Како увертира за она што ги чека хероите кога ќе слетаат во главниот град, илјадници граѓани излегоа на улиците ширум земјата да го прослават историскиот подвиг на фудбалската репрезентација.

Македонијо спремај се за Европско - да се ори во Букурешт и Амстердам

Со големо срце, храбра и мудра игра, македонската репрезентација ја совлада Грузија на гости и обезбеди историски пласман. Како награда, ќе излезе на мегдан против Холандија, Украина и Австрија во следното лето. Веруваме пред илјадници наши грла.

Солзите на нашата фудбалска икона

Игра 17 сезони во Серија А, освои вкупно 9 трофеи со Лацио, Интер и Наполи, стана светски и европски првак со Жозе Мурињо, но во една прилика изјави дека би ги менувал сите трофеи за едно учество со Македонија на ЕП.

Рекордна премија за нашите херои!

Со фанатична борбеност македонските фудбалери го направија најголемиот успех - обезбедија пласман на Европско првенство 2021! Федерацијата веќе подготви рекордни премии.

Златниот гол на гранде Пандев за кој сонувавме 27 години

Голот кој го чекавме со години, голот за кој мечтаеа и фудбалерите и ние новинарите и цела македонска јавност. Голот кој ќе остане во аналите на македонскиот спорт. Браво мајсторе и за тебе, но и за Елмас и Нестор. Мозок им испивте со акцијава.

Сонот стана реалност, Македонија оди на Европско

Финалето на Лига на нации во групата Д кулминираше со испишување на нова историја за македонскиот репрезентативен фудбал. Радувај се Македонијо, златните нозе на Пандев не носат за прв пат на едно големо натпреварување.

Мрме до Стево: Победуваме да нè чекате на плоштад

Веќе не се бројат години, туку часови до историјата по која копнееме сите. Фудбалската треска се повеќе се чувствува. На видео врска Скопје - Тбилиси ги имаме Претседателот и селекторот на Македонија со цел состав. Така е Мрме, ве чекаме на плоштад.

Страствен навивач на Македонија до коска

Дејан царе, ти посакуваме да се вратиш дома со пласман на ЕП и догодина да ги бодриш на лице место.

Манасков постави сензационален клупски рекорд во Веспрем

Паралелно со фудбалската возбуда која се ближи во Тбилиси, вести за гордеење ни пристигнаа од Унгарија, каде еден од нашите најдобри ракометни репрезентативци се надмина себе си, но и клубот.

Каков ривал ја чека Македонија на патот до историско Европско

Македонија вечерва во Тбилиси (18:00) ќе игра против ривал со кого во рок од 29 дена одигра 2 меча. И двата завршија исто - 1:1. Но вечерва влогот е непроценливо поголем.

УЕФА прашува, Грузија или Македонија?

Европската куќа на фудбалот вечерва ќе ги добие последните четири патници на ЕП 2020 кое поради проклетата корона се премести за 2021. Ќе произлезат од четирите финалиња во Лига на нации. Одиме со најава за Лигата Д. Напред наши.

Како Мрме ја крои тактиката против Грузија

Дојде и тој ден. Македонија да игра финале за пласман на Европско првенство кој за прв пат го има на дофат за 90 минути. Имаме можност да ѕирнеме како селекторот Ангеловски го спремаше најважниот фудбалски меч во нашата историја.

Најдолгиот пенал на светот изведен во Чиле

На 15 октомври во 15. коло од чилеанската Прва дивизија играле Курико Унидо и Универзидад Католика. На стадионот во еден момент избил пожар и снемало струја, па мечот се прекинал во 49 минута.

Промаши спектакуларни ножички по кои следуваше чудо

На нисколигашки меч во Данска, стрелецот на голов ги надмина сите очекувања за тоа што сè може да се искомбинира во шеснаесетник по еден корнер. Потегот со ножичките му е боли глава, арно ама добро што топката удри во пречка, инаку никогаш немаше да дознаеме дека некој и ова го можел.

Полека бе Кристијано, колк ќе искршеше

За скокот на Роналдо е општо познато дека е абнормален во однос на другите фудбалери, ама синоќа се повреди по еден лош пад од височина. Непотребно форсираше да скокне до небо на пријателска против аматерска селекција како Андора која ја декласираа со 7:0. Плус беше и тој меѓу стрелците, со глава.

Што беше со асистенцијава на Теодосиќ?

Со 29 поени, 5 асистенции и 1 скок Милош Теодосиќ синоќа со неговиот Виртус Болоња го разби Локомотив Кубан на гости во Еврокуп. Тео ја имаше и асистенцијата на месецот. Во негов стил.

Ракометар заигра за фудбалската репрезентација на Фарски Острови

Навикнати сме да слушаме дека за репрезентацијата на Фарски Острови периодично играат рибари, монтери и санитарни техничари, но сега има уште поубава историја.

Компилација од голови и проигрувања на лидерот на Македонија

Дебитираше за репрезентација на квалификациски меч за СП против Турција во јуни 2001. 19 години подоцна уште го носи истиот дрес со кој стана рекордер по број на настапи (113) и голови (35). Нема репрезентативец кој не се изразил во суперлативи и кој не е горд што игра со него.

Фото на денот

Лево е Едсон Арантес до Насименто познат како Пеле, а другиот го знаете. Фотографијата тежи три освоени светски првенства.

Во Хрватска уште се чудат за уткава

Вараждин vs Шибеник, конечни 1:3. При една нафрлена топка гостинскиот голман боксуваше многу лошо, потег кој сите го заборавија после ова неверојатно промашување на еден од играчите на домашниот тим. Сите се држеа за глава, голманот легна, а тренерот го тресна шишето од земја.