Малку пари направил од фудбал, марихуана земал да сади

Играше за клубови како Јувентус, Интер, Парма, Рома, три пати го има освоено Купот на УЕФА, но никогаш не се смири. Еднаш се степа со двајца полицајци, местеше натпревари, ја малтретираше жена му и сега со еден куп трева го фатија.

Да имаш можност да играш во Серија А за најпознатите екипи и да освојуваш трофеи, а потоа кога ќе се пензионираш да пробаш да правиш пари од марихуана треба да си доста глуп.

Таков е Луиџи Сартор кој го фатија со 106 стебла. Полициската акција се случила во петокот на рурално планинско место во близина на Парма.

Сомнежите на истражителите настанале откако напојувањето на струјата било двојно зголемени, а светлата на куќата биле вклучени цела ноќ. Тоа било всушност напуштена куќа во која му пронашле растенија кои можеле да произведат 2 кг марихуана.

Сартор тоа го правел со партнер и сега двајцата се во домашен притвор.

КОЈ Е ЛУИЏИ САРТОР?

Вие што следите подолго време италијанско, сигурно го паметите во дрес на Јувентус, Интер, Парма, Рома, дел од клубовите каде настапуваше.

Кариерата ја почна на 17 година во дресот на Старата Дама, а ја заврши во 2009-та како играч на Тернана. Поранешниот 46 годишен дефанзивец има освоено седум трофеи со четири екипи, од кои најмногу Купот на УЕФА кој го освои со Јуве 1993, Интер 1998 и Парма 1999.

Во Парма ги фати најубавите времиња и беше дел од дрим тимот во периодот од 1998 до 2002 со кој освои и два пати Куп на Италија и еднаш Супер Куп.

Има 165 натпревари во Серија А и 33 европски натпревари, како и два настапи за селекцијата за Италија. Зарем кариера во овие екипи не е доволна за повеќе од комотен живот за да земе со џанаци да се расправа дали му платиле или не.

ПРЕТХОДНИ ИНЦИДЕНТИ

Во 2005-та Сартор беше на позајмица од Рома во Џенова и за време на меч со Пјаченца се степа со двајца полицајци. Рома тогаш одлучи да му го раскине договорот, па што имаше едно кусо патешествие во унгарскиот клуб Сопрон.

Потоа доби пет годишна забрана за играње фудбал откако беше прогласен за виновен за вмешаност во познатиот скандал со местење натпревари Калчоскомесе во 2011-та.

Во тој период го обвинија за семејно насилство по разделбата со неговата девојка, која тврдеше дека и ја демнеел откако се разделиле.

17 февруари 2021 - 12:27