Бисерот на Баерн Минхен да не е на струја вклучен?

Минатиот викенд дури и на најмодерната арена во Германија, Алијанц Арена, напаѓа еден куп снег, па мечот Баерн - Арминија Билефелд на два пати беше прекинуван за да се исчисти снегот и линиите да бидат повидливи. Гостите прво поведоа 0-2, па дури и 1-3 ама на крај Баерн спаси бод благодарение на левиот бек Алфонсо Дејвис кој не само што даде гол туку и леташе по снегот.

Во еден напад, 20-годишниот Канаѓанец разви неверојатна брзина и со спринт го стигна противничкиот фудбалер:

 

17 февруари 2021 - 13:46