Таг: Алфонсо Дејвис

Мала провокација за Алфонсо Дејвис во диско

Ибра веројатно би се насмеал и би го игнорирал, Гатузо можно е да го фати за врат или да му влезе со клизачи, Роналдо би се изнервирал (ако е амблем на Барса) и би му покажал колку трофеи и голови има во кариерата. Дејвис врати со иста мера. Симпатично и во духот на атмосферата.

Не можеш така да градиш топка кога ќе те нападне Алфонсо Дејвис

Канада ја совлада Панама со 4:1 во мундијалските квалификации, а сите зборуваат за начинот на Дејвис го постигна голот за 2:1, односно како една скроз неочекувана ситуација ја претвори во гол. Канаѓаните изгледа сега сфатија каков играч имаат во репрезентација. Во транс се.

Бисерот на Баерн Минхен да не е на струја вклучен?

Минатиот викенд дури и на најмодерната арена во Германија, Алијанц Арена, напаѓа еден куп снег, па мечот Баерн - Арминија Билефелд на два пати беше прекинуван за да се исчисти снегот и линиите да бидат повидливи. Гостите прво поведоа 0-2, па дури и 1-3 ама на крај Баерн спаси бод благодарение на левиот бек Алфонсо Дејвис кој не само што даде гол туку и леташе по снегот.

Алфонсо си поигра со Семедо како со мало дете

Смешно изгледаше вечерва одбрана на Барселона, која за прв пат во историјата прима четири гола во прво полувреме на меч во ЛШ. Потоа во второ прими уште четири. Баварците беа безмилосни и имаат златни деца како 19 годишниот Алфонсо Дејвис.

Светска класа бек - трчаше 35 км/час и го скроти Халанд

Баерн ја победи Борусија во Дортмунд со 0-1 по фантастичниот лоб-гол на Џошуа Кимих, ама Баварците за трите бода и сега +7 пред Борусија треба да му се благодарни најмногу на левиот бек Алфонсо Дејвис.

Ѕвездата на Баерн Минхен како да им намигнува на крадците

Како да не разбрал за веста дека пред неколку дена на врвниот англиски репрезентативец Деле Али двајца крадци му влегоа среде вилата заштитена со огромни ѕидови и со пиштол на глава го ограбиле, па Алфонсо Дејвис, левиот бек на Баерн Минхен кој се родил во бегалски камп во Будубурам (Гана) па мигрирал во Канада, си го снима својот дом без никаква потреба.

Клинецов од Баерн се загради ко Малдини

Не видовме какви тренинзи имал Алфонсо Дејвис по дома последниве два месеци, ама на малиот не му влијаела долгата пауза. Погледнете го овој енергичен трк во 87-ма минута на крилото на Баерн, кој во секунда се претвора во бек кога треба.

Бегалецот кој стана неизоставен дел од Баерн Минхен

Роден на 2 ноември 2000-та во во бегалски камп во Будубурам (Гана), пребеган со неговите родители од граѓанска војнa во Либерија, стигнува во Канада, земја која му нуди одлични услови за живот и тренинзи.

Нема зима за Баерн по лева страна со оваа струја од дете

Се раѓаш во бегалски камп, бегаш од граѓанска војна, правиш опасно добар трансфер во Бундес лига и веќе на 19 години играш во ЛШ. Па уште на крај навивачите на Баерн ти го скандираат името затоа што си здробил на Стемфорд Бриџ. Каква бајка.

Дете со што те ранат тебе?

Го пратите ли 19 годишното крило на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис? Ако не можете пуштите го на забавена снимка, бидејќи вака е тешко. Баерн има сигурен пласман во ЛШ, плус 3:1 против Тотенхем, а он му се сипа на Сон како да ќе нема утре. Каков е овој трк?

Детето кое од бегалски камп успеа да стигне до Баерн Минхен

Горда сум на него, бидејќи дојдовме од место каде немавме храна и облека, вели мајката на големиот талент кој не само што е успешно интегриран во Канада, туку е хит меѓу тинејџерите. Дрибла цели одбрани и реди рекорди. Допрва ќе се слуша за малиот.