Алфонсо Дејвис е фудбалер на Ванкувер и репрезентативец на Канада со толку зезнато минато што треба да е среќен што е жив. Во ноември ќе стане полнолетен, а во јануари ќе го живее својот детски сон наречен Баерн Минхен.
Пред два дена го официјализираа неговиот трансфер вреден 13,5 милиони долари кој се со се бонуси ќе стидне до 22 милиони, рекорд за МЛС лигата. Ова е неговата позадина.
СПАСОТ ВО КАНАДА
Дејвис е роден на 2 ноември 2000-та во Будубурам, бегалски камп во источниот дел на Гамоа во Гана, каде неговите родители избегале во текот на втората граѓанска војна во Либерија од каде биле дислоцирани 450.000 луѓе. Кога Дејвис имал пет години, семејството заминало во Канада.
„Голема чест ми е што можам да се нарачам канадски државјанин. Исто така многу сум им благодарен на моите родители за се она што го направија низ годините, носејќи го семејството во оваа безбедна средина“, изјави Дејвис во 2017-та откако доби канадски пасош.
ДЕБИТАНТОТ ОД НОВИОТ МИЛЕНИУМ
Фудбалски се калел во Едмонтон Интернационале, Едмонтон Стикер, Сент Николас и Едмонтон академијата. На 14 години се преселил во Ванкувер и заиграл за Вајткапс У-16. Дејвис брзо напредувал и испишал историја во МЛС лигата како прв играч роден од 2000-та па наваму. Заиграл со 15 години, 8 месеци и 15 дена.
СЛАТКИТЕ 16 ГОДИНИ
Дејвис не го држи рекордот на најмлад играл кој настапил во МЛС, таа чест му припаѓа на Фреди Аду, но тој е најмладиот дебитант во селекцијата на Канада. Со само една првенствена сезона зад себе, Дејвис дебитираше за сениорската репрезентација против Курасао, само една недела откако ја положи својата заклетва за државјанство.
ПРЕСВРТНИЦАТА ВО ГОЛД КУПОТ
Рекордите продолжи да ги реди откако беше дел од канадскиот тим за КОНКАКАФ Голд Купот 2017. Тој не само што стана најмлад стрелец, туку и прв играч роден во 21 век кој успеал да го освои овој меѓународен турнир. Па не е ни чудо што две години по ред е прогласуван за најдобар играч во Канада во конкуренција на У-17.
САКА КАКО МЕСИ
Левучарот со низок центар на гравитација и повеќе трикови, признава дека ја моделирал својата игра на Меси. `Пробав да го копирам неговиот стил, но проблемот е што тој е понизок од мене, а моите нозе се долги и затоа имам подолги чекори. Јас обично само ја задржувам топката и го користам темпото што ми го дал бог за да ги минам противниците.
🗣️ @AlphonsoDavies: "I'm very happy about my transfer to #FCBayern. As a kid, you dream about this moment and I'm happy it came through. Now it's time to continue working, I have to give everything to make the most of this opportunity." #MiaSanMia pic.twitter.com/JTZ51T0ZEr
— FC Bayern English (@FCBayernEN) July 25, 2018
Велемајсторија од големата надеж која од полусезона ќе ја гледаме во Бундеслигата:
Документарец за него: