Интересно, за најбрз бек во Бундеслига се смета Ашраф Хакими, фудбалерот на Дортмунд позајмен од Реал Мадрид. На Хакими му измерија трк со брзина од 36,52 км/ч. Алфонсо Дејвис синоќа кога го фати Халанд, истрчал 35,27 км/ч. Канаѓанецот со африканско потекло имал дури и 42 спринта во текот на дербито со Борусија.
А Мануел Ноер, кој неодамна го продолжи договорот со Баерн, уште после февруарскиот меч против Челси во Лига на шампиони кога Алфонсо Дејвис одигра страшен меч на левото крило и имаше асистенција за гол, го испофали младиот соиграч:
„Некаде во Австралија играл толку брз фудбалер (Ноер алудирал на Усеин Болт), но не е така добар со топка како Алфонсо. Мислам дека најважно за да продолжи вака да игра е да не го фалите премногу“.
Алфонсо Дејвис синоќа во дербито Der Klassiker лесно се справи со Ашраф Хакими, офанзивниот десен бек на Дортмунд. Младиот фудбалер потекнува од либериски родители, а роден е во бегалски камп во градот Будубуру во Гана, па подоцна се преселува со родителите во Канада каде завршува школо и почнува да игра фудбал.
На „Сигнал Идуна Парк“ каде Баерн со нови 3 бода се приближи до нова титула, Дејвис според статистичарите од Squawka имал:
- 7 освоени топки
- 5 воздушни дуели
- 2 украдени топки
- 2 создадени шанси за гол
Алфонсо Дејвис е современ лев бек кој често и има офанзивни излети. Тој синоќа 5 пати имал успешни дриблинзи (најмногу од сите играчи на теренот). За споредба фудбалерите на Баерн имале вкупно 5 успешни дриблинзи.
Благодарение на левиот бек Баерн го задржа Дортмунд и на тимот кој даде 6 гола на 2 меча по ред, не му дозволи да им го загрози голот.
После мечот Томас Милер го објасни Дејвис на сликовит начин:
Muller summing up Alphonso Davies' performance perfectly. pic.twitter.com/hAxpxcOzmZ
— The Tactical Times (@Tactical_Times) May 26, 2020