Оди сега играј ракомет во салата во Битола да те видам

ГОГ Гудме падна во Битола со резултат 32:31 во Европската лига. Па како нема да падне, чавки да ставиш на тој студ ќе паднат. Данците пред мечот објавија видео со наслов „Ставете капи и ракавици“ и се уснимија за да покажат дека во салата Боро Чурлевски има “ху“ или на послободен разговорен јазик “јаху“ :). Никако да ја загреат таа сала.

17 февруари 2021 - 09:49