Таг: боро чурлевски

Оди сега играј ракомет во салата во Битола да те видам

ГОГ Гудме падна во Битола со резултат 32:31 во Европската лига. Па како нема да падне, чавки да ставиш на тој студ ќе паднат. Данците пред мечот објавија видео со наслов „Ставете капи и ракавици“ и се уснимија за да покажат дека во салата Боро Чурлевски има “ху“ или на послободен разговорен јазик “јаху“ :). Никако да ја загреат таа сала.

Знаете ли битолчани како ја викаат ракометната сала?

Како второпласиран во домашното првенство, Еурофарм Работник за следната сезона обезбеди учество во СЕХА лигата. Но тука има еден проблем. Им се отвори многу работа за да ја оправат салата.