Од регионалната СЕХА лига во Битола пратија инспекција за да утврди на кое дереџе им е салата.
Забелешки има многу и тие се слични со оние кои ги бара ЕХФ за во Лига на шампиони.
Во салата е потребно:
- Да се постави уште еден семафор што ќе биде сместен на спротивната страна на главниот семафор.
- Да се подобри осветлувањето.
- Да се реновираат тоалетите и соблекувалните.
- Надворешниот дел од салата е во лоша состојба. Ќе треба да се среди фасадата, да се брендира салата...
Битолската публика за прв пат по формирањето на СЕХА лигата ќе има можност да гледа натпревари од ова натпреварување, за кое како домаќини прво треба да се потрудат за да ги исполнат условите.
Инаку во салата порано позната како Младост, а сега како Боро Чурлевски треба да се решаваат уште проблеми, а едно од нив е греењето бидејќи во Битола ја викаат уште и ФРИЖИДЕРО.