Горан Пандев реагираше остро дека нефудбалски луѓе ја водат федерацијата кои се кријат зад успесите на репрезентацијата и дека ако не се променат некои работи спремен е да се тргне настрана.
Статусот произлезе откако само неговиот клуб Академија Пандев го одигра изминатото коло на снежни услови, а сите други натпревари беа одложени.
Работите ги појасни во интервју за порталот drnka.mk.
Излеговте со статус со кој ја критикувавте ФФМ, на што се должи тој статус?
Ја кажав само вистината како стојат работите во мак фудбалот. Ова не е само од последниот натпревар што се одигра во саботата, туку тоа е и од минатото првенство. Знаеме дека првенството беше прекинато заради пандемијата, а имаше уште неколку кола да се доиграт и никој не превзеде одговорност, а клубовите потрошија. Јас зборувам за нашиот клуб. Потрошивме куп пари а на средината од првенството се прекина а бевме и во полуфиналето од Купот. Но никој не превзеде одговорност. Видовме кои екипи излегоа во Европа и се заташка работата. Помош нула. Сега во вакви услови дозволија да се игра натпревар, а се знаеше какви ќе бидат временските услови за време на викендот во Македонија уште пред 5-6 дена. Некој си таму делегат и некои луѓе кажале дека теренот е добар и имало одлични услови за игра и можело да се игра. Добро е што немаше повредени. Не сум против претседателот на ФФМ, но треба да се чукнат во глава да размислат како го водат нашиот македонски фудбал бидејки нашиот фудбал така не може да продолжи.
Побара ли Академија Пандев одложување на саботниот меч заради снегот и замрзнатиот терен ?
Пандев: Да, побара и гостинската екипа се согласила да не се игра, но очигледно на делегатот му беше поважна дневницата. Можеби се плашел дека немаше да му се исплати дневница ако го откажеше наптреварот. Луѓе дајте ве молам, ова беше срамно, а излезе и во италијанските медиуми на каков терен се игра фудбал во Македонија. Не е битен резултатот или како заврши натпреварот. Најсреќен сум што немаше повредени.
Пандев вели дека 10 години инвестира во академијата и дека 70-80 семејства земаат плата од клубот, но прашува како да продолжи без заштита, услови и ТВ права нула, кога само топки им даваат од федерацијата и како спонзорите да дадат пари ако однпаред се знае како ќе биде во нашата лига?
Целото интервју тука.